Мој Ветеринар

Кашлањето како симптом е секогаш поврзано со инфекција на дишните органи. Тој е одбранбен рефлекс преку кој организмот сака да се ослободи од некоја дразба.

Ако вашата мачка кашла, треба да ги земете предвид следните ситуации:

lДали можеби е заглавено нешто во грлото и дишните патишта?

lДали освен кашлањето постојат и други знаци на болест (треска, апатичност, одбивање на храна)?

lДали при кашлањето има секрет или тоа е суво?

lДали дразбата е причинета од надворешни влијанија (зачадени простории од пушење, презатоплени или преладни простории)?
Sick-in-bed
Најчести болести на дишните органи кај мачките се заразен ринотрахеит, бронхитис, пневмонија.

Вирусниот грип се пренесува со директен контакт од болно на здраво животно, а извор на зараза може да бидат и места каде што има голема концентрации со мачки (изложби, одгледувачници, продажни салони и други места каде што постои ризик од заболување).
Пневмонија или заболување на белите дробови е сериозно нарушување на здравјето кај мачките и се манифестира со забрзано дишење, губење апетит, депресија, зголемена температура. Обично кај мачките се јавува како последица од задоцнето интервенирање на сопственикот. Промените што се јавуваат при настинки не треба да се занемаруваат бидејќи најчесто од нив настанува заболување на белите дробови. Освен настинките причини за пневмонија кај мачките може да бидат и паразитите, кој во еден период од развојниот циклус престојуваат во белите дробови и го дразнат белодробното ткиво. Често причина за пневмонии се и дразбите од габички, бактерии и влијание од гасови што ги дразнат органите за дишење. Мачките се заштитуваат од заразниот грип со вакцинација. Денес постојат вакцини што обезбедуваат добра заштита од вирусниот ринотрахеит. Основни начела на кои треба да се внимава е дека со вакцинација се почнува од шестата до седмата недела од животот на малите мачиња. Не смеат да се вакцинираат гравидните (бремените) мачки со вакцина што содржи живи причинители на болеста. Ревакцинирањето се извршува три до пет недели од вакцинирањето, а се повторува секоја година.

Негата на заболените мачки е исклучително важна. Тие треба да престојуваат на светли и проветрени простории, каде што температурата е над 25 Целзиусови степени. а отпадоци од кланичната индустрија, давањето на променети внатрешни органи би се елиминирал голем процент на заразување.