Мој Ветеринар

Иако мирисот од устата на нашeтo куче или мачка можеби не е најдобар во светот, важно е нивните усти секогаш да се чисти. Еден од првите знаци на расипани заби или болест е непријатна миризба од устата, а неверојатно е колку многу сопственици тоа го припишуваат само на видот на храната која миленичето ја користи.

teeth

Всушност, неодамнешното испитување спроведено од страна на агенцијата Галуп покажа дека 65% од сопствениците ја гледаат насмевката на своите миленици и сфаќаат колку е важна правилната нега на забите на своите животни - тие сепак не успеваат да одвојат време и да ги исчеткаат забите на нивните  домашни миленичиња. Всушност , еден од пет сопственици на милениче не му ги чисти забите на својот миленик, иако знае дека занемарувањето на негата на усната празнина може да биде кобно за неговиот миленик.