Мој Ветеринар

Жешките летни денови стигнаа, ама животните, за разлика од луѓето кои се потат, немаат ефективен начин на разладување. Најчест проблем во летото кој се појавува кај кучињата е топлотниот удар. Ова се симптомите и како треба да се реагира...

kuce so mraz

Важно е да се рагира брзо ако се примети дека кучето е дехидрирано или покажува некои или сите, од наведените симптоми на топлотниот удар.
• Забрзано и тешко дишење
• Висока температура ( над 39 степени)
• Зголемена жед
• Често повраќање
• Дезориентација
• Многу црвен јазик и бледи гингиви
• Кожата околу носот или вратот не се враќа назад кога ќе се подигне
• Тешкотии при дишењето
• Несвестица или кома
• Густа плунка
• Забрзана работа на срцето

Во тој случај треба да се тргне кучето од сонце и жештините.После тоа, треба да се разлади кучето, така што се полива со вода ( никако со мраз ) или се стават мокри крпи на телото на кучето.
Оставете му свежа вода за пиење,само не го терајте да пие на сила.

Внимание :
НЕ ГО ОСТАВАЈТЕ КУЧЕТО ВО ПАРКИРАН АВТОМОБИЛ НА СОНЦЕ!!!!

Додека го разладувате својот миленик повикајте Ветеринар. Што е можно побрзо однесето го кучето во Амбуланта каде ќе му биде дадена прва помош.

Мр.ДВМ Јасминка ван дер Флиер