Мој Ветеринар

Ако сакате со Вас да си го земете миленикот на пат преку границите на Македонија има неколку работи што сте обврзани да ги направете пред патувањето.

1. Да се извади пасош на миленикот. Од 2014 година Р.Македонија има сопствени,верифицирани од сите страни држави,секој со свој посебен и единствен број,исто како и за луѓето.

Службен весник на РМ, бр. 95 од 26.7.2012 година 1 од 23 20120952443 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ

Член 18
Идентификација и регистрација на домашни миленици (1) Одгледувачот на домашен миленик треба да го идентификува животнотно во рок од шест месеци од раѓањето со средства за идентификација согласно со членот 12 став (1) точка 4 од овој закон. Службен весник на РМ, бр. 95 од 26.7.2012 година 8 од 23 (2) По исклучок од ставот (1) на овој член кучињата за кои не може да се утврди сопственоста и се движат слободно ќе се обележуваат согласно со прописите од областа за благосостојба на животните. (3) Одгледувачите кои набавиле идентификуван домашен миленик треба да ги ажурираат податоците во пасошот на домашни миленици и да ја пријават промената до Агенцијата во рок од 30 дена. (4) На секој домашен миленик по апликацијата на средството за идентификација му се издава пасош со податоците за животното и одгледувачот на животното. (5) Податоците од пасошот од ставот (4) на овој член се внесуваат и во Електронската база на податоци од членот 11 од овој закон. (6) Доколку средството за идентификација се оштети или е неупотребливо, одгледувачот треба во рок од 30 дена да го замени средствтото за идентификација со ново. Податоците од заменетото средство за идентификација треба да се внесат во Електронската база на податоци од членот 11 од овој закон на начин кој овозможува идентификација на претходната ознака на животното по што се издава нов пасош за животното. (7) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот и постапката за идентификација и регистрација на други видови животни.

Pet passport 400x400

2. Да се стави чип.Тој се аплицира поткожно на левата страна на вратот.Со тоа Вашиот миленик си добива свој единствен број,како што ние имаме матичен број.

3. Да се вакцинира против беснило.Тоа е со Закон прецизирано и е обврзувачко за секој сопственик да го спроведе.Вакцинацијата се спроведува еднаш годишно.Првата вакцина се аплицира на 4 месеци старост на миленикот.

Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 1 од 9 20121553741 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА БЕСНИЛО КАЈ ДОМАШНИ И ДИВИ ЖИВОТНИ И МЕРКИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА БЕСНИЛОТО.

Член 11
(1) Кучињата и мачките задолжително треба да се вакцинираат против беснило согласно упатството за употреба на производителот на вакцината, но не подоцна од навршени пет месеци старост. (2) По исклучок од став (1) од овој член, мачки кои со сигурност не доаѓаат во контакт со животни приемчиви на беснило не треба да се вакцинираат против беснило. (3) Овластениот ветеринар треба да води регистар за извршените вакцинации во тековната година. Овластениот ветеринар треба да ја чува евиденцијата за извршените вакцинации најмалку две години и ја доставува на барање на официјалниот ветеринар. (4) Покрај условите пропишани во Законот за ветеринарно медицински препарати, вакцината против беснило треба да ги исполнува следните услови: 1) да припаѓа на групата на инактивирани вакцини со најмалку една антигена единица на доза (согласно стандардот на Светската здавствена организација) или 2) да припаѓа на групата на рекомбинантни вакцини кои содржат имунизирачки гликопротеин на вирусот на беснило. Вакцините од оваа група може да се користат само за вакцинација на мачки. (5) Вакцинацијата против беснило се смета дека е валидна доколку: 1) вакцинацијата е извршена во согласност со упатството на производителот на вакцината и поминат е доволен период за постигнување на солиден имунитет; 2) не е измината една година од последната вакцинација; 3) животното е обележано согласно Законот за идентификација и регистрација на животните и Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 8 од 9 4) во пасошот за домашни миленици се наведени идентификацискиот број на микрочипот на животното, датумот на вакцинација против беснило и датумот за следна вакцинација.

4. Да се изврши дехемлминтизација,т.е да се прочисти од внатрешни паразити, 2 дена пред преминувањето на границата на РМ.

5. Да се заштити од надворешни паразити, преку аплицирање на ампула против надворешни паразити или да се стави каифче. Истото треба да се направи 2 дена пред поминување на границата на РМ.

6. Редовно да се вакцинира против заразни болести.Ова вакцина се аплицира еднаш годишно за возрасни единки, а за малите се даваат 3 вакцини започнувајќи од 8 недела до наврсување на 12 недели старост.

7. Потребно е Вашиот Ветеринар да ви издаде Потврда за здраствената исправност на миленикот.

8. На крај се оди до Ветеринарниот Инспектор да ви издаде Сертификат за поминување преку границата на РМ.


Мр. ДВМ Јасминка ван дер Флиер