Мој Ветеринар

Сè повеќе се говори за постоење на сè поголем број на видови на бактерии отпорни на постоечките антибиотици. Бактериите ја имаат таа способност да со тек на време, особено при долготрајна употреба на одредени антибиотици, развијат резистентност, односно отпорност на применетите антибиотици, поради што тие стануваат неефикасни.

Staphilococcus aureus

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека отпорноста на антибиотиците е една од трите најголеми закани по здравјето на луѓето и животните. Неправилната употреба на антибиотиците води кој појава на бактерии кои се отпорни на нив.

Група истражувачи од повеќе француски здравствени институции успеала да ја открие новата „стратегија“ која бактериите ја користат за да останат отпорни на антибиотиците.

Истражувачите заклучиле дека бактериите, благодарение на својата голема способност на прилагодување, постепено „учат“ како да им се спротивстават на антибиотиците, правејќи ја антибиотската терапијата неефикасна.

Грам позитивните бактерии успеваат да ги искористат масните кислеини од човечката крв за да ја формираат својата мембрана за одбрана, се наведува во соопштението на францускиот Институт за здравје и медицински истражувања – Инсерм.

Истражувачите од Универзитетот „Декарт“, од Институтот за агрономски истражувања, од Институтот „Пастер“ и од францускиот центар за научни истражувања покажале дека бактериите, користејќи ја оваа „стратегија“, можат да го избегнат делувањето на антибиотикот, кој треба да ги спречи да произведуваат сопствени масни киселини. Тие користејќи ги човековите масни киселини успеваат да се одржат во живот и да им се спротивстават на антибиотиците.

antibiotic resistant infections dogs
Една таква бактерија е и MRSA или Метицилин резистентен стафилокок. Станува збор бактеријата Staphilococcus aureus која развила специфична отпорност на почеток на дејството на пеницилинот, а потоа и на делувањето на антибиотикот метицилин и слични антистафилококни лекови кои припаѓаат на групата бета-лактамази.

Оваа бактерија често се наоѓа на кожата и слузниците на човекот. Бактеријата кај здравите лица не предизвикува никакви симптоми и тие се само преносители на бактеријата. Бактеријата може да се пренесе преку физички контакт, преку кожата или пак преку кивање или близок контакт со преносителот.

Иако бактеријата кај здравите луѓе со јак имунитет не предизвикува болест, таа може да предизвика сериозни инфекции кај лицата со намален имунитет и со оштетена кожа или слузници. Доколку продре под кожата или во телото, може да предизвика сериозни заболувања како: гнојни инфекции на кожата, воспаление на дишните патишта, пневмонија. Од MRSA формата на стафилокок најчесто заболуваат поединци со ослабен имунитет.

За да се заштитиме од инфекцијата со оваа форма на стафилококна бактерија, секако треба да водиме сметка за правилната и редовна хигиена.

М-р ДВМ Јасминка ван дер Флиер