Мој Ветеринар

Atopijski dermatitis е хронична болеста на кожата која се јавува како преосетливост на имунолошкиот систем на миленикот на работи од неговата околина.
Atopija/atopijski dermatitis најчесто се појавува сезонски; во топлиот дел од годината како алерген се јавува поленот од травата и другите растенија, а во ладниот период тоа е прашината т.е. грињите Dermatophagoides farinae од домашната прашина.

Се смета дека болеста е наследна и некои одредени раси се предиспонирани за оваа болест, на пр. Лабрадори,Златен ретривер, Вести. Се јавува обично измеќу 6 месец и 3 година од животот.

atopija 1

Симптоми
Кај кучињата најизразен симптом кој сопственикот го приметува кај атопичните животни е многу јако чешање (pruritus).
Клиничката слика може да се види во лижење на жепите,често воспалување на ушите(otitis externa), чешање по лицети или генерализирано по целото тело. Првиот симптом може да се појави по слузокожата на носот и очите (serozni rinitis i konjuktivitis) а после тоа следи воспалување на кожата во регијата кај пазувите, помеѓу задните нозе по кожата на абдоменот и скротумот.Животното се чеша со што предизвикува оштетување на кожата на кои се надоврзува секундарна бактееријска инфекција или габична.
Кај мачките е многу поретка болест,се дијагностикува кај 8-10%.Обично се манифестира со опаѓање на влакното од претерано лижење или гризање.
Често е клинички невозможно да се разликува од алергијата на храна затоа што и двете болести се манифестираат со иста клиничка слика.
Затоа се повеќе се приваќа концептот дека алергијата на храна е еден од предизвикувачите на атопијскиот дерматит.