Мој Ветеринар

Псевдо или лажна бременост може да настане околу 20 до 45 дена по еструсот (полов циклус или сезона на парење).
Кучката покажува мајчинска нега кон играчки или папучи.
Лажната бременост е во врска со високото ниво на прогестерон што се испушта во системот на сите кучки во овој период.

Само мал процент од нив ќе развијат симптоми на лажна бременост.Настануваат промени во однесувањето како правење легло односно барање место за породување и кучката покажува мајчинска нега кон играчки или папучи. Кучката може да стане невообичаено агресивна во имитација на мајчинскиот нагон за заштита на младенчињата.

Daisy doing her nesting

Можно е да се развијат млечните жлезди па дури и да почнат да создаваат млеко.
Ретко се случува кучките да станат посериозно болни и да почнат да повраќаат или да станат анорексични (губење на апетитот).
Лажната бременост може да се третира со лекови што ги потиснуваат хормоните, но доколку стане редовна практика, вашиот ветеринар најверојатно ќе ве посоветува да ја стерилизирате кучката.
Да се остави кучката да забремени еднаш како решение на проблемот, гледано од ветеринарен аспект, не е медицински оправдано.
М-р ДВМ Јасминка ван дер Флиер