Мој Ветеринар

Кај некастрираните кучиња, нагонот за репродукција е многу силен. Женките и мажјаците се многу мотивирани да пронајдат партнер. Женките по правило имаат циклус двапати годишно, па и тие и мажјаците во тоа време ќе настојуваат да се пронајдат еден со друг за да се спарат

kissingdogs

Мажјаците се во состојба да поминат многу километри за да дојдат до женка со која ќе се парат.

Некои се подготвени да совладаат неверојатни препреки, од далечина до високи огради. Стерилизацијата на кучињата, и на мажјаците и на женките, е добар начин со кој самите можете да спречите создавање несакани животни кои потоа завршуваат на улица.

Мажјаци

Мажјаците предничат во бегање поради парење. Тешко е да им го ограничите движењето и, ако се наоѓа женка во близина, особено ако е плодна, тие ќе направат сѐ за да дојдат до неа. Оние што не можат да излезат од дома, често одбиваат да јадат, поради тага ќе почнат и да плачат или ќе станат невообичаено мирни. Решение за овој проблем е кастрација, бидејќи така кучето ја губи мотивацијата за бегство и престанува неговата фрустрација.

Мажјаците се во состојба да побегнат и да поминат многу километри за да дојдат до женка со која ќе се парат. Ако не ја најдат на својата територија, ќе отидат и подалеку. Тоа носи многубројни опасности, тргнувајќи од тоа да не можат да се врата дома, да завршат во стационар или да се вратат потполно исцрпени, повредени и со заплеткано крзно.

Женки

Интересно е дека женките во текот на циклусот произведуваат феромони кои мажјаците можат да ги намиристаат и на оддалеченост од пет километри. Затоа не се чудете ако вашата кучка во тој период има повеќе додворувачи.
На врвот од циклусот кучката ќе биде многу заинтересирана за мажјаци, па исто така ќе се труди да дојде во контакт со нив.
Кога циклусот ќе помине, најдобро е да ја стерилизирате.

М-р ДВМ Јасминка ван дер Флиер