Мој Ветеринар

Шугата е несезонска болест која често се јавува кај мачки и кучиња кои се чуваат во лоши и нехигиенски услови. Заболуваат животните и луѓето. Многу лесно се пренесува контактно.
Предизвикувачи се шугарци од 3 рода . Мачешките и кучешките шугарци имаат сличен животен циклус од 17 – 21 ден. 

Парењето на шугарците се одвива во канали под површината на кожата на домаќинот. Оплодената женка положува јајца во каналите кои сами ги бушат и тоа со брзина од 2-3 мм дневно. Од јајцата излегуваат ларви кои се движат по површината на кожата и се претвараат во нимфи кои се враќаат во дупките од кожата и тука остануваат до стадијум на возрасни единки. Шугарците повеќе сакаат кожа со помалку влакна,затоа најчесто се на ушите,лактовите,стомакот и долните делови на нозете.

shuga
Тие предизвикуваат чешање кои имаат за последица и дополнително оштетување на кожата. Ова чешање станува поинтензивно навечер и во затворени и топли простории. На оштетените места има црвенило, гребаници, красти и обезвлакнување .Може да дојде и до системско пореметување, анемија и секундарни бактеријски инфекци.
Реакцијата кај луѓето кои се заразени со шуга се појавува после 24 часа.Се појавуваат подигнати делови кои многу чешаат, по телото и рацете.
КЛИНИЧКА СЛИКА
Кучешката шуга се појавува на долните партии од стомакот, на градите, лактовите, на нозете, а посебно секогаш се нападнати ушите и лактовите.
Кај мачките шугата е исто типична, прво се појавува на врвот од ушната школка, после се спушта по цело уво, на њушката, очните капаци и вратот. После се шири на екстремитетите и стомакот.


М-р ДВМ Јасминка ван дер Флиер