Мој Ветеринар

ЕВЕ НЕКОЛКУ СОВЕТИ КАКО ДА ГО ИЗРАСНЕТЕ ВО ДОБРО КУЧЕ!!!
За да имате добро одгледано куче во домот, важно е да поставите добри темели додека тоа е сè уште мало кутре. Штом го доведете кутрето во домот, веднаш треба да почнете со дресурата
Кутрето мора да научи да оди само кога поводникот е лабав

Додека е мало кутрето, вообичаено е да имате проблем со вршење нужда и со гризењето облека и мебел во домот, но ако овие пет совети за дресура ги применувате уште од првиот ден, вашето кутре ќе порасне во пристоен домашен миленик.
1. Запрете го скокањето
Иако е тешко да му одолеете на мало кутре што скока за да ви покаже нежност, важно е тоа да научи дека не смее да скока за да ве поздрави. Наместо да го галите и гушкате кутрето додека скока, едноставно игнорирајте го сè додека не престане. Ако сфати додека е мало дека со скокањето нема да добие повеќе внимание, нема да го прави тоа ни кога ќе порасне. Сè што не сакате кутрето да прави кога ќе порасне, не дозволувајте му да го прави ни додека е мало.
2. Одење на поводник
Лесно е да го контролирате кутрето старо само осум недели, кои ве влече со поводникот. Многу потешко ќе ви биде да го контролирате кога ќе биде големо куче од 30 килограми. Затоа мора да го научите да се движи само кога поводникот е опуштен, штом ќе го затегнете, застанете и чекајте. Тоа ќе го научи вашето кутре да се движи само кога поводникот не е затегнат. Влечењето само го отежнува неговото движење.
3. Научете го дека ќе им се доближувате на неговата храна и на играчките
Една од лекциите што треба да го научите вашето куче е да биде подготвено дека вие ќе им се доближувате на неговата храна и на местото каде што спие. Многу е важно кутрето да научи дека, кога вие им се доближувате на овие места и предмети, тоа е добро за него. На пример, ако му ја земете играчката, дајте му на кутрето нешто повредно од неа. Или пак, земете ја играчката, дајте му награда и вратете му ја играчката. Важно е тоа да разбере дека вие не сте закана и оти не сакате да му ја загрозите територијата, туку само да му угодите.
Важно е кутрето да разбере дека вие не ја загрозувате неговата територија
Yuki Bed
4. Оставајте го само
Во првите денови кога дома ќе донесете мало кутре, сите се собираат околу него и го опсипуваат со љубов и внимание, но тоа не разбира дека нема секој ден да е така. Подгответе го кутрето за деновите кога ќе треба да останува само. Ако секој ден по неколку часови го оставате само, ќе се навикне и лесно ќе се одвојува од вас кога ќе треба да одите на работа или, пак, кога ќе одлучите да излезете без него. Научете го времето што го минува само да го поврзува со нешто позитивно, на пример, дајте му играчка или некаква награда.
5. Внимавајте која ќе биде првата лекција што ја научи
Однесувањето што ќе го научи кучето кога ќе почнете со дресурата е она на кое ќе се навраќа секогаш кога ќе биде збунето или фрустрирано. Многу е важно прво да го научите на наредбите „седни“ и „лежи“. Избегнувајте прво нешто на што ќе го научите да биде скокање, лаење или превртување, освен ако не сакате така да се однесува секогаш кога е под стрес.

М-р ДВМ Јасминка ван дер Флиер