Мој Ветеринар

Епилепсијата кај кучињата е хронична неизлечива болест,која ,исто како кај луѓето,се карактеризира со појава на напади, со јак или послаб интензитет. Може да биде наследна, или да се јави поради пореметување во работата на бубрезите и надбубрежната жлезда. Исто така може да се јави после делување на токсични материи ( отрови, од ендотоксините од внатрешните цревни паразити) или поради оштетување на мозокот (тромбоза, хидроцефалус, тумори, топлотен удар, прележени болести и др.).

Нападот клинички се манифестира како пореметување на свеста, со појава на грчеви, повраќање, саливација, неконтролирано уринирање и дефекација.

stroking
Терапијата за епилепсијата зависи од тоа дали се знае причинителот или не. Ако е познат причинителот, токаш терапијата се сведува на тоа да се отстрани предизвикувачот кој ја предизвикал,со што нападите воглавно престануваат. Ако е во прашање идиопатска епилепсија, за која не се знае причинителот, тогаш не зборуваме за лекување на епилепсијата, туку само за контрола на нападите, што се спроведува воглавном успешно. Терапијата ја спроведува сопственикот,и тоа само ако нападите зачестат, на пр. ако се почести од 2 пати во текот на неделата. Ако нападите се јавуваат поретко од 2 пати во неделата терапијата не се спроведува. После одредено време ( месеци или година ) ако не дојде до појава на напад, кучето си продолжува со нормалниот живот ,без терапија.

За поставување на точна дијагноза потребно е на ветеринарот да му се дадат точни и сигурни податоци. После земањето на анамнезата, ветеринарот ќе спроведе детален клинички преглед, и после ќе се одлучи за потребните специјалистички методи на преглед. Само на тој начин може со сигурност да се дијагностицира дали се работи за епилепсија или не, и кој е причинителот.

Додека не се потврди точната дијагноза би ви препорачала да го хранете своето куче со квалитетна храна,суперпремијум квалитет, да се дава додатоци од витаминско минерални препарати, посебно од групата на Б витамини. Не го изложувајте на големи напори.

Ако нападот се повтори, кучето сместето го на мирно и удобно место, со умерена температура,на мека подлога. Тргнете ги предметите околу него за да не дојде до повредување при несвесното грчење на телото.Цело време внимавајте на јазикот да не се проголта,а ако дојде то тоа со прстите извадите го назад, затоа што може да дојде до угушување. Во текот на нападат НИКАКО НЕ ДАВАЈТЕ никакви медикаменти ниту течности,затоа што тогаш е во бесознание.

Фенобарбитонот е дериват на барбитурната киселина која се користи како антиепилептик. Се вбројува во групата на депресори на ЦНС,со споро делување, ама со долг ефект. Кака терапија за епилепсијата, лекот се применува 2 пади на ден во соодветна доза и само со препорака и под контрола на ветеринарот. До подобрување на состојбата доаѓа кај 2/3 од пациентите. Отприлика 75 % од внесената количина на лекот се метаболизира, а остатокот се излачува преку урината.

Несакани ефекти кои можат да се јават со примената на овој лек се : полифагија, полидиспија, замор, слабост на задните екстремитет и атаксија. Овие ефекти можат да бидат присутни за цело време на терапијта. Високи дози можат да доведат до интоксикација на црниот дроб.

ФЕНОБАРБИТОНОТ СЕ КОРИСТИ САМО ПРЕМА ПРЕПОРАКАТА НА ВЕТЕРИНАРОТ

М-р ДВМ Јасминка ван дер Флиер

stroking2  stroking3