Мој Ветеринар

Под поимот пиометра се подразбира акумулација на гнојна содржина во матката.
Се јавува кај кучките и мачките, и то обично кај постарите и тоа кај кучките 4-8 недели после последниот циклус, а кај мачките тој период е нешто пократок и е 1- 4 недели.

Сопсвениците обично приметуваат дека миленикот пие повеќе вода, повеќе мокри, и ако е грлото на матката отворено се цеди смрдлив гној,понекогаш со малку крв. Можат да се појават симптоми , како што е повраќање, пролив, летаргија, зголемена темпетатура, губење на тежина, зголемен волумен на абдоменот.Ако е цервиксот на матката затворен тогаш нема исцедок од вагината и одругите симптоми се многу поизразени.

pyo1
Ви советувам ако ги приметите овие симптоми или некои од нив, без одлагање веднаш да го донесете вашиот миленик на Ветеринар.

М-р ДВМ Јасминка ван дер Флиер