Мој Ветеринар

Исто како и луѓето, и животните може да имаат висок холестерол, но причините за создавање на холестеролот и последиците од него се различни за животните и за луѓето.

Ако вашиот миленик има покачен холестерол, внимавајте на неговата исхрана, но третирајте ја болеста што го предизвикува.

Ако дознаете дека вашето куче има високо ниво на холестерол, најпрво треба да се прашате дали вашиот миленик има некакви скриени здравствени проблеми.

Минијатурниот шнауцер, доберманот и ротвајлерот имаат генетски предиспозиции за висок холестерол, но секогаш постојат исклучоци од правилата.

СИМПТОМИ

За разлика од луѓето, многу ретко животните со висок холестерол страдаат од проблеми со циркулацијата или, пак, имаат мозочни удари. Во повеќето случаи кај кучињата или мачките нема да има никакви симптоми или, пак, ако има симптоми, причината ќе биде некоја болест што го подигнува нивото на холестерол. Исклучок од ова е панкреатитисот. Покаченото ниво на холестерол е ризик-фактор за да се развие кај животното оваа болест во која панкреасот се воспалува. Во многу случаи ова може да значи дека миленикот нема апетит или, пак, повраќа и има дијареја, дехидрација или треска, но во некои случаи може да дојде до циркулаторен колапс, па дури и смрт.

dog-loving-food

ШТО ГО ПРЕДИЗИВИКУВА?

Како и кај луѓето, високото ниво на холестерол кај животните може да се контролира со диета.
Ветеринарите раскажуваат дека понекогаш сретнувале и екстремни случаи на животни со виок холестерол. На пример, еднаш тестирале мачка која сопствениците ја хранеле со многу сирење и путер. Резултатите од крвната анализа биле застрашувачки.
- Кога и зедов крв на мачката, од нејзините вени течеше розов крем- раскажува ветеринарот.
Овој случај е екстремен, но принципот е тој, масниот дел од исхраната мора да се покаже некаде.

БОЛЕСТИ ШТО ПРЕДИЗВИКУВААТ ВИСОКО НИВО НА ХОЛЕСТЕРОЛ

o Хипотиродизам (неактивна тироидна жлезда)
o Дијабетес
o Кушингова болест
o Болеси на црниот дроб
o Опструкција на жолчниот меур
o Генетски предизспозиции
o Кај расите со генетски предиспозиции, потребно е сопствениците да не ги хранат милениците со мрсна храна, како не пример колбаси.

ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН

Најчесто се дијагностицира со тестирање на крвта. За разлика од луѓето, лекови за намалување на холестеролот не се користат кај животните. Поефикасно е да ја третирате болеста што го предизвикува околку покачениот холестерол.

ПРЕВЕНЦИЈА

Ако вообичаено вашиот милен е здрав, а наеднаш има покачен холестерол, размислете за храната што му ја давате. Многу лесно се заборава дека колбасот или хамбургерот што му го давате на вашиот миленик е премногу за неговата големина. Вреди да размислите за тоа каква храна му давате на вашиот миленик, бидејќи пилешката кожа или полномасното млеко навистина имаат многу масти.

Мсц ДВМ Јасминка ван дер Флиер