Мој Ветеринар

Иако на прв поглед изгледа тешко или можеби невозможно да научите куче да врши нужда надвор, всушност е многу лесно. И самите кучиња не сакаат да вршат нужда во местото каде што живеат. Исклучок се само кученцата, бидејќи не можат самите да ги контролираат своите физиолошки потреби како што тоа го прават возрасните кучиња.

Еве неколку совети…
Ако кучето го поврзе вршењето нужда надвор со добивање награда, тоа ќе биде среќно ако секогаш го прави тоа надвор.
Немојте да го казнувате кучето!
Најлошото нешто што можете да направите во процесот на учење е да го казните кучето. Тоа не знае дека не смее да врши нужда на одредено место (на пример, во соба) и нема да знае зошто е казнето.
Како резултат на тоа кучето ќе почне да го избегнува местото каде што било казнето, а може да почне да се држи понастрана и од вас. Не применувјате казни во текот на учењето.

paper1
Посветете внимание на навиките на вашето куче!
Кучињата најчесто вршат нужда по јадење или по спиење, но можно е вашето куче да има поинакви навики. Забележете во кои моменти има најголеми шанси кучето да изврши нужда во вашиот дом. На пример, веднаш по јадење изнесете го надвор. Бидете трпеливи и почекајте го да заврши. Не се предавајте ако не ви успее првите неколку пати, ако сте доволно упорни, ќе го фатите вистинскиот момент.
Многу сопственици ги учат своите кучиња да вршат нужда на весник, поттикнувајќи ги преку наградување.
Посакуваното однесување треба да се наградува, наградува, наградува….
Откако ќе изврши нужда на одредено место наградете го кучето со вкусна храна, галење и пофалба или со топче. Многу бргу тоа ќе сфати зошто го наградувате и ќе почне да врши нужда секогаш кога ќе излезе надвор или во некој друг простор што вие сте го одредиле, а што ќе му донесе награда.
Можете да пробате и трик со весници, кој го практикуваат многу сопственици: наградувајте го кучето кога ќе заврши работа на весникот, а не на друго место во станот. Весниците постепено можете да ги исфрлате од употреба и да ги замените со вршење на нужда надвор.

Мсц ДВМ Јасминка ван дер Флиер

Dog-Peeing-Large