Мој Ветеринар

Кучињата сакаат да грицкаат стракови од трева, а за некои тоа е дел од дневната рутина. За среќа, повеќето експерти се согласуваат дека тоа не е нешто за што треба да бидеме загрижени. Тогаш зошто кучињата го пасат зеленилото од вашиот двор?
Сештојади
Кучињата, за разлика од мачките, не се месојади. Но во исто време тие не се ни градинарски вид сештојади. Со десетици илјади години, овие опортунистички сештојади изеле сѐ што можело да ги задоволи нивните основни прехранбени потреби.

Кучињата во тревата бараат природни лекови
Делумно поради еволуцијата, а делумно поради доместикацијата, модерното куче, не е повеќе како неговите предци, кои многу често целосно го јаделе својот плен, вклучувајќи ја и содржината од желудникот на тревопасните животни. Наместо тоа, денес кучињата бараат растенија како алтернативен извор на храна. Многу често тие растенија се трева, затоа што тоа е најдостапно, но за дивите припадници на семејството кучиња познато е дека јадат овошја, зрнести плодови и други зеленчукови растенија.
Очигледно е дека кучињата можат да ги најдат хранливите материи што им се потребни во широк спектар на растителна храна, но тоа не објаснува зошто Мона обично повраќа по јадење трева.

166986-171800
Кога желудникот кркори
За гасови или болки во желудникот, кучињата бараат природни лекови, а тревата изгледа успешно ја завршува работата. Кога ќе ги изедат, страковите од трева ги скокоткаат грлото и слузницата на желудникот; ова чувство може да предизвика кај кучето нагон за повраќање, особено ако тревата е проголтана наместо да биде изџвакана.
Иако кучињата главно не пасат големи количества трева како кравите, тие може да ја грицкаат и џвакаат некое време без да повратат (куче на кое не му е добро најчесто ја проголтува тревата во неколку големи залаци и потоа повраќа). Ова може да биде или поради тоа што текстурата на тревата им е пријатна на вкус или затоа што имаат потреба да додадат целулоза во исхраната.
Куче на кое не му е добро, ја проголтува тревата во неколку залаци и потоа повраќа
Прехранбена потреба
Која и да е причината, повеќето експерти не гледаат некаква опасност ако му дозволите на кучето да јаде трева. Напротив, тревата содржи неопходни хранливи материи кои кучето ги бара, особено ако е на комерцијална исхрана. Доколку сте приметиле дека вашето куче јадело трева или од некое од куќните растенија, тогаш би било добро доколку внесете во неговата исхрана свежи тревки или готвен зеленчук. Кучињата не се пребирливи како мачките, но во исто време тие не се обожаватели на свеж зеленчук. На некој начин тие се однесуваат како големи крзнени деца.
Па, кога ќе помислите на тоа, јадењето трева и не е така лоша идеја. Но, внимавајте на нагло зголемување во јадењето трева; тоа може да биде знак за некоја посериозна скриена болест што вашето куче се обидува само да ја излекува. Во таков случај е потребно веднаш да побарате помош од ветеринар.
Купете готова трева или можете дома да засадите во саксија
Исто така, добра идеја е да купите готова трева или да почнете растителна градина во домот. Тоа би му дало на вашето куче алтернатива на тревата во дворот и во парковите чие јадење може да доведе до случајно внесување пестициди, хербициди или хемикалии што сте ги употребиле во вашиот двор (или во дворот на соседот).

Мсц ДВМ Јасминка ван дер Флиер

doggraze2