Мој Ветеринар

Жешките летни денови стигнаа, ама животните, за разлика од луѓето кои се потат, немаат ефективен начин на разладување. Најчест проблем во летото кој се појавува кај кучињата е топлотниот удар. Ова се симптомите и како треба да се реагира...
Важно е да се рагира брзо ако се примети дека кучето е дехидрирано или покажува некои или сите, од наведените симптоми на топлотниот удар:

• Забрзано и тешко дишење
• Висока температура ( над 39 степени)
• Зголемена жед
• Често повраќање
• Дезориентација
• Многу црвен јазик и бледи гингиви
• Кожата околу носот или вратот не се враќа назад кога ќе се подигне
• Тешкотии при дишењето
• Несвестица или кома
• Густа плунка
• Забрзана работа на срцето

11412359 647067155428024 308602244042737460 n
Во тој случај треба да се тргне кучето од сонце и жештините.После тоа, треба да се разлади кучето, така што се полива со вода ( никако со мраз ) или се стават мокри крпи на телото на кучето.
Оставете му свежа вода за пиење,само не го терајте да пие на сила.
Внимание :
НЕ ГО ОСТАВАЈТЕ КУЧЕТО ВО ПАРКИРАН АВТОМОБИЛ НА СОНЦЕ!!!!
Додека го разладувате својот миленик повикајте Ветеринар. Што е можно побрзо однесето го кучето во Амбуланта каде ќе му биде дадена прва помош.

Мсц ДВМ Јасминка ван дер Флиер

11390278 647067152094691 7007019352814328539 n