Совети

Кога не се чувствувате добро можете да земете некој лек за она што ве мачи и во многу случаи за тоа не морате да одите на лекар, туку можете да си помогнете со тоа што го имате дома. Но, дали сте знаеле дека и на вашето куче можете да му помогнете со едноставната „домашна медицина“? Секако, претходно треба да се консултирате со својот ветеринар.

Вкусниот обичен јогурт е здраво задоволство за вашето куче. Ацидофилните бактерии во јогуртот ги држат под контрола „лошите“ бактерии во цревата на вашето куче. Ако вашето милениче прима антибиотици, малку јогурт (кој може да му го давате секојдневно) ќе ја спречи појавата на габични инфекции. На такви инфекции, главно се склони младите кученца, па малку јогурт или свежо кравјо млеко ќе им помогнат.

apteka
Чајот од камилица има природни дезинфекциски својства, кои го ублажуваат желудникот на вашето куче. Исто така, може да помогне и кај благите иритации на кожата. Во таков случај, чајот изладете го и намачкајте ги иритираните делови на неговата кожа. Со ладен чај од камилица можете да му ги чистите и очите ако е склон на воспаленија.
Ако вашето милениче го чеша кожата, тоа може да биде незгодно, особено ако тој проблем го решава на тој начин што ќе се чеша од секој дел од мебелот што му е во близина. Купете ситно мелен зоб и измешајте го со топла купка. По таква купка, кучињата со кожни алергии, инфекции и со други болести веднаш ќе почувствуваат олеснување.
Бесвкусните течности со електролити (вода со електролити или електролити во прав кои можат да се купат во аптека) не им помагаат само на бебињата по болест, туку можат да му помогнат и на вашето милениче ако има пролив или ако повраќа. Консултирајте се со ветеринар за дозата што треба да му ја давате.
Витаминот Е е добар за сувата кожа на вашето домашно милениче.
Можете да го масирате со масло кое го содржи овој витамин или дури да му давате таблети со витамин Е поради што и влакното ќе му биде посјајно. За орално давање витамин Е треба да се консултирате со ветеринар за да ви препорача соодветна доза.
Кучињата, како и децата, ако добро не внимавате, можат да се повредат, па поради тоа може да се појави оток. Ублажете му ја болката и отокот со помош на купка „горка сол“ - магнезиумов сулфат, која може да се набави во аптека и која и луѓето ја употребуваат за ублажување на ревматските болки или за артритис. Ако не можете повредениот дел да го потопите во купката (двапати дневно по пет минути), тогаш намокрете газа со оваа течност и ставете ја на повреденото место на вашето милениче.