Совети

Повраќање, мека столица, труење и гризнување од змија се само некои од потенцијалните незгоди во текот на летото. Со правовремено давање на помош можете да му спасите живот

Основното правило е – без паника! Вашиот миленик е повреден и пред да го одведете на ветеринар му требате вие, а не вашата паника. Секоја секунда е важна, а правилно може да реагирате само ако размислувате рационално.


dogvetПОВРАЌАЊЕ – Aко кучето повремено повраќа тоа е сосема нормално. Кога треба да се загрижите? Ако повраќањето е зачестено во краток временски период. Тогаш вашиот миленик освен повраќање ќе има и уште некои многу чести симптоми кои предупредуваат на болест, на пр. општа слабост на организмот. Во првиот случај, кога кучето повраќа повремено (а истовремено јаде и трева) најверојатно има проблем со желудникот. Ставете го на диета и за околу 12 часа ќе видите подобрување. Шти значи диета? Пост со малку вода. Во случај да повраќа неколку пати за кратко време, што побрзо одете на ветеринар. Запаметете што повраќа затоа што така ветеринарот полесно ќе постави дијагноза. Ако се сомневате на труење, дајте му на кучето активен медицински јаглен.
ТРУЕЊЕ – Труењето на домашните миленици, за жал е многу честа појава. Канаринците и папагалите може да се отрујат ако грицкаат одредени собни растенија. Тоа не значи дека не треба да ги пуштате од кафезот, туку да ги тргнете растенијата од собата. Во храната повремено додавајте им активен јаглен. Тој е многу корисен затоа што кон себе ги врзува отровите и лошите состојки од цревата. Не претерувајте зошто може да дојде до запушување на цревата. Труењето на кучињата и мачките е сепак почесто. Како ќе му пружите прва помош на затруено куче зависи од видот на отровот со кој е затруен, но воопштено би требало да му предизвикате повраќање. Во вода растопете малку сол и натерајте го (со шприц) тоа да го испие. Ако кучето поради труење падне во бессознание не предизвикувајте повраќање, туку извлечете му го јазикот и што побрзо однесете го на ветеринар.
МЕКА СТОЛИЦА – Кучињата се осетливи животни и повремен пролив е нешто на што мора да се навикнете. Како и кај повраќањето и во овој случај на кучето може да му пружите прва помош ставајќи го на 12-часовна диета, а гладдта може да му ја ублажите со пилешка супа или ориз и водата во кој е зготвен оризот. За да го запрете проливот може да му дадете активен медицински јаглен. На нормален режим на исхрана враќајте го постепено. Од друга страна, ако проливот е интензивен и пропратен со општа слабост на организмот посетете ветеринар и строго следете ги неговите упатства.

Исеченици – Раната секогаш прво исчистете ја со обична вода за да се отстрани нечистотијата а потоа ставете некој антисептик.Ако шепите многу крварат замотајте ги со завој или некоја друга ткаенина. Раната стегната и замотана смее да биде не повеке од 30 минути по што би требало да го разлабавите завојот или одврзете и повторно замотате. Од големо значење е да му оневозможите на миленикот да ја лизе раната.Најлесен начин да го спречите тоа е ако му ја позајмите својата чорапа. Доколку се работи за обилно крварење посетете ветеринар што е мозно побргу.

Проблеми со очите и ушите-Проблените со очите и ушите најчесто се поврзани со алергиски реакции,воспалувања односно туѓо тело ( како на пр. Клас трева), а ке ги препознаета так што кучето ќе се трие од мебелот или вас. Ако во окото или увото воочите туѓо тело отстранете го со пинцета. Што се однесува до измивањето и растворите или капките за таа намена користете ги оние кои ви ги препишал ветеринар , а очите во прва рака можете да ги измието со млака вода. Кај чистењето на ушите избегнувајте ги људските стапчиња за уши бидејки мозете да им го повредите внатрешното уво.

Каснување од змија – Како за луѓето така и за животните ова каснување може да биде многу опасно. Навремената ,прва помош може да му го спаси животот на вашиот миленик. Ако каснувањето е на ногата , тогаш цврсто замотајте ја со завој или некоја друга ткаенина и не му дозволувајте на кучето да се движи. Каснувањето од змија за среќа не е толку често но доколку се случи треба веднаш да појдете на ветеринар.
Многу чести проблеми се убодите од инсекти ,а посебно се опасни убодите од стршлен, пчела,оса и пајак. Осите и стршлените можат миленикот да го каснат и повеке пати. Убодот од пчела може да се случи само еднаш и притоа да остане трнот(осилото) во кожата на миленикот па затоа треба да се отстрани со пинцета. Местото на убодот натопетего со раствор од сода и вода и да ставате ладни облоги на местото. Доколку миленикот е во шок никако не му давајте да се движи туку нежно галете го. Местото на убодот би требало да се намачка со кортикостероиден крем