Совети

Ако подеднакво сакате и кучиња и мачки и сакате да станат дел од вашето семејство со малку труд и упорност можете да постигнете овие животни да живеат сложно или барем да научат да живеат заедно без постојани судири. Колку се животните помали кога ќе почнат да живеат заедно, толку подобро ќе се согласуваат.

Меѓутоа, во какви односи ќе бидат зависи од нивните карактери како и од расата. Ако имате мачка а сакате да си земете куче, побарајте таква раса на куче која полесно ќе го прифати животот со вашиот стар миленик. Имајте на ум дека ловечките кучиња најчесто се непријателски настроени кон мачињата.

391081 10150433675621322 1822535744 n

Ако освен куче, кое веќе живее со вас, сакате да вдомите и мачка пред да ја доведете мачката припремете го кучето на промената која го очекува. Кучето треба да биде навикнато да ги слуша вашите наредби. При прошетките натерајте го кучето да се приближува на други животни и набљудувајте ја неговата реакција.
Запознавањето на кучето и мачето најпрво нека биде оддалеку, животните прво треба да се навикнат на мирисот и звуците на другите членови во куќата. Одредете го просторот каде што на почетокот мачката ќе живее, дел од станот во кој нема да се сретне со кучето. Кога мачката ќе се навикне на новата ситуација, некој од семејството треба да го запознае со другите делови од домот, но тоа да се случува додека кучето е на прошетка и не е во домот. Подоцна кога мачката ќе се почуствува сигурно можете да ја запознаете со кучето.
Првите средби не треба да траат долго и животните никако не смеете да ги оставите без надзор. Дозволете им на почетокот да се набљудуваат еден со друг со поглед или да се мирисаат, но раздвојте ги ако почуствувате агресивност. На мачката обезбедете и место каде што ќе може да побегне ако почуствува страв. Доброто однесување на животните наградете го со пофалби и храна и дајте им доволно време да се запознаат и спријателат.