Совети

Знаците на труење кај кучињата и кај мачките се јавуваат 10 – 30 минути од земањето на отровот, во зависност од количината храна која се наоѓа во моментот во желудникот. На почетокот се јавува тресење на мускулите на целото тело со грч на џвакачките мускули, повраќање, појава на пена од устата, зголемување на телесната температура, пролив, крварење од устата и носот. Доколку не се лечи, скоро секогаш завршува со смрт.

Доколку видите куче или маче со вакви симптоми, можете да му дадете чаша топла вода измешана 2-3 кафени лажички готварска сол кои треба со сила му да се дадат на кучето или мачето да ги испие, но со препазливост, за да не внесе дел од содржината во белите дробови. Исто така можете да му дадете и Carbo medicinalis (медицински јаглен во таблети) кој можете да го набавите во била која хумана аптека.

Dog-Poisoning

Истиот може да се даде како цели таблети да се дадат на кучето да ги проголта или пак да се растворат со вода и при тоа да се даде на сила на кучето да ја испие содржината повторно внимавајќи дел од содржината да не заврши во белите дробови.
Најдобро е како превентива за време на прошетките да си носите неколку таблети медицински јаглен или пак да ги растворите во некое помало шишенце со вода за да можете да реагирате најбрзо што можете. Од кога ќе дадете медицински јаглен вашата работа е завршена, се што преостанува е НАЈБРЗО што можете да го однесете вашиот миленик на ветеринар, бидејќи кога се работи за труење, минути се во прашање. Постои можност за излекување, но од големо значење е да се однесе затруеното животно веднаш на ветеринар или да се повика службата за домашни посети. Со изминување на времето се намалува можноста за излекување и неминовно доаѓа до смртен исход. Затоа ако приметите некои од горенаведените знаци, особено ако вашето милениче изеде храна од улица, веднаш обратете се до најблиската ветеринарна установа.
За крај, како превентива најдобро е да не го изнесувате вашиот миленик без носна корпа на него со што би спречиле да внесе било каква содржина во неговата уста , но сепак не е исклучена можноста животното дел од отровот да го вдиши преку носот.
ЗАПАМТЕТЕ: Со изминување на времето се намалува можноста за излекување и неминовно доаѓа до смртен исход кај миленичето!!!
ОТСТРАНЕТЕ ГО ОТРОВОТ СО ТОА ШТО КЕ ГО ФРЛИТЕ ВО КАНАЛИЗАЦИЈА НИКАКО ВО КОНТЕЈНЕР ЗА ДА НЕМА ПОВЕКЕ ЖРТВИ