Совети

Понекогаш нашите кучиња не изненадуваат со невообичаено однесување. Една од тие работи е копање по тепихот, но дали сте се запрашале зошто кучето го прави тоа?

Ако и вие сте еден од оние кои се нервираат секогаш кога ќе го чујат звукот на гребење по тепихот, веројатно ќе ве интересира зошто кучињата го прават тоа.

kopanje tepih

Едноставно објаснување би било дека тој открил парче храна до кое би сакал да дојде.

Можеби открил некој мирис кој го интригира и во кој сака да се втрла. Некои кучиња едноставно сакаат малку да ископаат на местото каде имаат намера да легнат.

Од друга страна кучињата понекогаш копаат кога се нервозни или возбудени. Кај некои миленици копањето е замена за нешто што би сакале да го направат, а не можат.

Кучињата некогаш почнуваат да го копаат тепихот бидејќи имаат вишок на енергија, а потребата за игра или прошетка ги тера да прават невообичаени работи.

Некои кучиња со копањето на тепихот сакаат да го свртат вниманието на сопствениците.


Што треба вие да направите?

Ако се плашите дека ќе му наштети на тепихот, можете да се обидете вашето куче да го изненадите со неочекуван звук и така да му го одвлечете вниманието од копањето.

На овој начин не треба да го уплашите кучето, туку само да му го свртите вниманието. Откако ќе престане да копа, викнете го кај себе и наградете го.

Долгорочно, ви препорачуваме долги прошетки, интересни игри и компликувани хранилки кои од вашето куче ќе бараат малку ментален напор и вештина.

Редовното чистење на теписите со правосмукалка исто така може да помогне. Можеби ќе треба и темелно да го исперете тепихот, доколку кучето е концентрирано само на едно место на него.