Совети

Убавото време веќе одамна пристигна, а со тоа и новите грижи на сопствениците на домашни миленичиња. Иако повеќето сопственици своите миленици на време ги опремиле со соодветни средства за заштита од крлежи, постојат неколку работи на кои треба да се дополнително внимателни, бидејќи неправилна примена може да ги направи милениците незаштитени.


Како се користи околувратникот против крлежи?

Постои широко распространета заблуда дека животните треба да носат околувратник само кога се надвор. За ефикасна заштита, околувратникот треба да биде на вратот на миленикот 24 часа на ден.

Покрај тоа, околувратникот не смее да биде премногу лабав, затоа што така го губи своето својство, а за да дејствува ефикасно потребен е допир со кожата на животното. Доволно е да оставите два прста простор помеѓу вратот и околувратникот за вашето куче да  биде ефикасно заштитено.

amp2
Најчести грешки при аплицирање на ампули

Многу е важно да се нанесе ампулата во право време: никако пред капење или непосредно потоа. Ампулата се таложи во лојните жлезди на вашето домашно милениче, и од таму се излачува за да го оствари својот заштитен ефект. Ако ампулата се нанесе пред капење, поголемиот дел ќе се измие, и ќе го изгуби ефектот. Ако ампулата се нанесе на искапено куче, исто така нема да го даде саканиот ефект бидејќи капењето отстранува слој на маст од кожата на кучето кој обезбедува заштита.

Многу луѓе го втрлуваат средството во кожата на миленикот и со тоа дел од средството останува на нивните раце наместо на телото на миленикот.


Дали животните може да станат "имуни" на некој вид на препарат?

Не е потребно да се менува видот на препарат против болви икрлежи. Ампулите содржат препарат кој ги убива штетниците, но не влијае на кучето, па кучето неможе да стане имуно на препаратот. Сепак треба да внимавате на изборот, бидејќи некои животни послабо реагираат на одредени препарати, поради индивидуалните карактеристики на нивната кожа.


Пропишаната доза и правилното нанесување се клуч за заштита

Заштитните средства купувајте ги во оригиналната амбалажа и со приложено упатство за употреба кое треба детално да го прочитате. Ако немате искуство, посоветувајте се со ветеринар.

Покрај правилното нанесување, битна е и дозата која ја ставате. Имајте во предвид дека ниедно средство не дејствува подолго од еден месец, без разлика на неговата јачина и количина, поради капацитетот на лојните жлезди на кучето.


Со придржување кон овие правила на вашиот миленик ќе му обезбедите адекватна заштита и непречено уживање во природата.