Совети

Периодот кога кученцето започнува да ги менува забите може да биде многу тежок и напорен за вас и вашето кученце. Сепак, постојат некои работи што можете да ги направите за да се ублажи проблемот и да се заштити вашето домашно милениче, но исто така и вашата покуќнина од џвакање ...

Спротивно на она во што многумина веруваат, кученцата не ги менуваат забите како децата. Да, на кученцата им паѓаат млечните заби обично на возраст од три до девет месеци. 

Но чинот на џвакање работи е всушност проблем предизвикан од проблеми во однесувањето, и треба да се пресече во корен.

Важно е да не го "предизвикувате" кутрето со чевли и други работи. Блокирајте му го пристапот до области кои се особено проблематични. Прочитајте подетално како да го одвикнете вашето куче од џвакање чевли. Се разбира, секогаш е препорачливо да побарате совет од професионалци за кучешко однесување.

1432810444

Исто така, важно е да му обезбедите доволно играчки за џвакање на кучето. Дури и на рана возраст е од суштинско значење да му се дадат на кучето играчки кои смее несметано да ги џвака, како би ги сочувале вредните предмети во домаќинството. Играчките за кученца обично се помали и помеки во споредба со оние за возрасни кучиња, бидејќи нивните заби се поподложни на кршење.

Во периодот кога кутрето ги менува забите, важно е да им го прилагодите начинот на исхрана на нивните потреби. Од суштинско значење е вашето кученце да добива добро избалансирана исхрана со витамини и минерали (како што е калциум) за забите правилно да се развијат.

Доколку го игнорирате ова несакано однесување, кучето ќе ги џвака предметите во домот и во подоцнежна возраст. Затоа веднаш застанете му на пат на ваквото однесување...