Совети

Ако вашето куче не сака капење, не грижете се, не сте единствен. Многу кучиња се обидуваат да избегаат или да се скријат под креветот кога е време за капење, но не мора веќа да биде така. За да го направите тоа без стрес, прочитајте кои грешки најчесто ги прават сопствениците на кучиња кога ги капат миленичињата ...

Не правете стапици
Сигурно ви е позната сцената во која трчате по кучето низ ходникот за да го намамите да влезе во бањата. Тоа може да биде многу стресно за вас и за кучето. Наместо тоа, мирно “убедете“ го со омилените деликатеси и пофалби да влезе под туш.

145303311745261je1

Не користете ладна вода
Дали уживате во туширање со ладна вода? Веројатно не, но не ужива ни вашето куче. Всушност, тоа може да биде многу непријатно искуство за домашното милениче, а поради тоа ќе се плаши и од капење. Затоа користете топла или млака вода, никогаш вруќа или врела. Исто така, ако кучето е нервозно, најдобро е да ја наполните кадата без негово присуство во бањата. Звукот на водата може дополнително да го зголеми стресот кај него.

Не го мијте лицето на кучето со туш
На кучињата не им се допаѓа чувството на млазот вода од тушот по лицето. Наместо тоа, користете натопена крпа за да му го измиете лицето. А кога ќе му ги плакнете вратот и врвот на главата, подигнете му ја брадата и муцката на кучето за водата да не му влезе во очите и ушите.

Не користете шампон за луѓе
Можеби сте слушнале дека шампоните за бебиња се добра замена за кучешките шампони, но дури и овие шампони имаат различна pH вредност од онаа која е потребна за кожата на кучето. Затоа, секогаш користете шампон за кучиња, или ако миленичето има проблеми со кожата, консултирајте се со вашиот ветеринар.

kupanje2

Не викајте на миленикот
Секој пат кога ќе го капете кучето, почнете така што мирно ќе кажете "капење" пред нежно да го воведете кучето во кадата. Тоа го намалува стресот и го минимизира изненадувањето. За време на капењето, пофалете го кучето за доброто однесување. А кога ќе завршите со капењето, наградете го со омилениот деликатес, за да го направите капењето позитивно искуство.

Не користете силен фен
Ако имате куче со подолго влакно на кое му треба повеќе од една крпа за да се исуши, фенот може да биде од корист. Сепак, имајте на ум дека некои кучиња се плашат од бучава. Ако го користите вашиот фен, намалете ја јачината на дување!