Совети

Пред се, ни велат дека не треба да му дозволиме на нашето куче да спие во нашиот кревет. Бидејќи кучињата се валкани и можат да остават паразити во душекот.

Но, што ако не е така? Всушност, постојат многу докази кои говорат дека кучето придонесува за подобар сон! И вашето куче нема да мора да спие само. Добитна ситуација за двајцата!

1. Ве смирува
Дали поради нивното топло тело или нивното ритмичко дишење, има нешто смирувачко во кучињата. Тие внесуваат дополнителен мир во вашиот кревет!

spienje2

2. Ја намалуваат несоницата.
Нивното присуство овозможува мирен сон, и дава чувство на сигурност. Значи, во основа тие ги елиминираат сите работи кои не ви даваат да спиете.

3. Спиењете со кучето ги ублажува стресот и анксиозноста.
Како што е демонстрирано во текот на истражувањата, присуството на кучето го ублажува стресот. Континуираниот позитивен став на кучињата е “заразен“, а нивната весела природа може да делува многу позитивно на луѓето.

4. Добиваме греење.
Нивните топли тела и нивната тенденција да бидат многу блиску до нас може да одиграат улога на мал радијатор во креветот. Иако ова може да биде проблем во текот на летото, кој не сака природна топлина во студените ноќи?

5. Помагаат во борбата против депресија.
Кучињата несомнено може да понудат безусловна љубов. За некој кој се бори со депресија, овој тип на поврзување може да биде од голема помош.

spienje

6. Прават се, да се чувствувате безбедно.
Нивната особина да "ослушнат" и нивната навика да лаат на странци се фактори кои придонесуваат да се чувствувате безбедно.

7. добро е и за вашето куче.
Нема ништо на светот што вашето куче сака повеќе, од тоа да поминува време со вас. Тоа го прави многу среќен

Дали спиете со вашето куче?
Споделете ги овие совети со пријателите кои имаат куче!