Совети

Куче што треба да земе лек е предизвик за секој сопственик на домашно милениче. Повеќето кучиња одбиваат да го земат лекот, но еден млад генијалец се досетил како успешно да го излаже и најинаетливото куче и да му го"поттури" потребниот лек.

kuce lek

Тој го користи методот на обратна психологија, и му го представува лекот на кучето како деликатес кој тој не смее да го изеде. Кога ќе го стекне вниманието на кучето, тој се преправа дека го јаде лекот, говорејќи му на кучето "не, не", а кучето, се разбира, го интересира што јаде неговиот сопственик. Само затоа што не му беше дозволено да го добие, кучето сакаше да го добие истото што и сопственикот. По половина минута забрана, сопственикот го фрла "деликатесот" на подот, а кучето брзо го јаде, пред да сфати што всушност јаде.

Погледнете во видеото како младиот човек го насамари своето куче и успешно му го даде потребниот лек. (изведувањето на "трикот" започнува на 25 секунда од видеото).