Совети

Рецептот е повеќе од едноставен и не ви треба врвно кулинарско знаење - само малку добра воља и време. Направете прекрасен и здрав деликатес за вашето куче.

За бисквитите со тиква ви е потребно: две шољи рендана тиква, едно јаболко, еден морков, едно парче од ѓумбир (околу 2 сантиметри), две јајца, лажица мед, лажичка цимет, лажичка прашок за пециво, 500 грама пченкарно брашно, лажица кокосово масло .

keksi so tikva
Подготовка: исчистете го јаболкото, морковот, тиквата и ѓумбирот. Изрендајте ги на ситно ренде. Додадете две изматени јајца, една лажица мед, една лажица масло од кокос. Се добро измешајте. Потоа додадете го пченкарното брашно, прашокот за пециво и циметот. Направете од тестото топка и ставете ја во фрижидер да отстои половина час. Тестото се дели на 4 дела. Земете еден дел, а остатокот вратете го во фрижидер. Развлечете го тестото помеѓу две хартии за печење до дебелина од еден сантиметар. Исечете различни форми по ваш избор (кругови, срца, ѕвезди – во зависност од тоа какви калапи имате). Наредете ги исечените форми на плех покриен со хартија за печење. Продолжете со истата постапка и со останатите тесто. Ставете ги бисквитите во загреана рерна на 180 степени и печете 25 минути. Од оваа количина на тесто ќе имате два плеха на бисквити кои може да му ги давате на вашето куче секој ден.

Убавината на овој рецепт е што бисквитите може да ги јадете и вие 😊