Совети

Вдомувањето животни е прекрасна работа, но тоа не е одлука која се носи преку ноќ. Кучињата кои веќе биле напуштени тешко би поднеле ако тоа им се случи повторно.

Затоа е важно пред да се одлучите на овој прекрасен чин, да се запрашате неколку прашања.

Дали кучето се вклопува во вашиот стил на живот?

Ова се однесува на на вашите работни должности, слободно време и желбата да се подредите на некого. Ако сте често надвор од дома, патувате или останувате на работа до доцна, а притоа живеете сами, можеби би било мудро да се откажете од одговорната улога на сопственик на куче. Некои раси осаменоста ја поднесуваат подобро од другите, но генерално никое куче не сака да ги минува деновите само.

 85854757 029393958 1


Дали неодамна сте се соочиле со загуба на домашно милениче?

Луѓето мислат дека новото домашно милениче може во потполност да го замени претходното, што не е точно. Секое животно има свој карактер, специфично е и различно. За жал, новото куче нема да ви ги заздрави старите рани во целост, но на некој начин може да ви помогне да се разбудите и да се свртите нов лист. Понекогаш се случува сопственикот кој го изгубил своето куче набрзо да земе друго куче, но кога ќе сфати дека болката за изгубеното милениче не поминува, новото го исфрла на улица.

Дали детето сака домашно милениче во куќата?

Ако купите куче бидејќи имате мало дете, можеби е подобро да му купите играчка, бидејќи домашното милениче не е играчка. Животните се суштества со чувства кои засекогаш остануваат со нас, дури и кога детето, а и домашното милениче ќе пораснат. Исто така, детето не треба да ја преземе одговорноста за кучето, туку за него треба да се грижи целото семејство.

Дали имате енергија да бидете сопственик на куче?

Некои кучиња се поенергични од другите, па треба да се има во предвид дека прошетките, истрчувањето и играта се дел од секојдневниот живот на кучето. Ако по природа сте мрзеливи, овие активности ќе ви претставуваат тешкотија . Кучето исто така, не разбира кога имате главоболка, лош ден на работа или проблем со партнерот. Ако преферирате полежерен живот, размислете за купување постаро куче, кое подобро ќе се прилагоди на вашиот животен стил.