Совети

Повеќето кучиња уживаат во возење со автомобил, но за некои тоа е вистински стрес. Ако вашето куче го мачи стомакот за време на патувањето, еве како можете лесно да му помогнете...

Ѓумбир, покрај тоа што е вкусен прилог на многу јадења, често се користи при стомачни проблеми поради своите смирувачки ефекти. 

Ако вашето куче страда од гадење, ѓумбирот може да му помогне повторно да ужива во возењето.

Една лажичка ѓумбир во прав може да ја растворите во чај и да му дадете на кучето да ја испие пред да тргнете на пат.

head out the window
Исто така може да испечете и бисквити за кучето, а во состојките да додадете ѓумбир. Додадете лажица мелен ѓумбир во смесата за омилениот десерт, и само неколку колачиња може го решат проблемот при патувањето.
На кучето може да му дадете и купечки бисквити со ѓумбир, но внимавајте да не содржат многу шеќер.

Исто така, за да му помогнете на кучето да го надмине проблемот со гадење и да се навикне на автомобилот, обидете се да постепено да го навикнувате на возење со автомобилот. Провозете го кучето околу соседството и дајте му бисквит од ѓумбир.

Секое патување со кучето е вистинска авантура, и со помош на овој домашен и природен лек вашето домашно милениче повторно ќе ужива во возењето со автомобил ...