Совети

Џвакањето мебел е еден од проблемите кој ги мачи повеќето сопственици на кучиња.

Џвакањето е нормална и здрава активност за секое куче. Постојат повеќе причини заради кои кучињата џвакаат предмети:

* младите кучиња пробуваат да ја ублажат болката при раснење на забите.
* на кучето му е досадно и џвака предмети за да ја потроши енергијата.
* пробува да се ослободи од напнатост и нервоза
* за да ви го привлече вниманието

Stop dog chewing
Кучето може да ги џвака чевлите ако со нога сте го поттикнувале на игра или ако сте му дале стар чевел за да се игра со него. Кучето мора да го научите што смее, а што не смее да гризе. А додека не научи, најдобро е сите предмети кои не сакате да ви ги уништи да бидат надвор од неговиот досег. 

Имајте на ум дека она што не може да го види нема ни да го чепка. Обувките ставајте ги во ормарче за обувки. Мебелот и каблите може да ги заштитите со спреј против уништување на мебел.

Исто така можете да го спречите уништувањето на вашите работи така што ќе му понудите нешто што смее да џвака. Тоа може да бидат гумени или полнети играчки или стапчиња за кучиња.

Пофалете го кучето кога ќе престане да џвака некој предмет.

Внимавајте на вашето куче, и доколку се приближи до предмет што не смее да го џвака, веднаш кажете му “НЕ“ ! Колку повеќе поминувате време со него, толку повеќе ќе го разберете неговото однесување..
Зачестеното користење на зборот “НЕ“ ќе му даде до знаење на кучето дека не смее така да се однесува.

Кучињата сакаат да му удоволуваат на сопственикот, па затоа ќе престанат со непосакуваното однесување кога вие ќе им кажете.