Совети

Пародонталните болести се чести и сериозни болести кај возрасните кучиња кои на крајот го уништуваат целото забало. Тоа е болест на потпорните ткива на забите, со хроничен карактер, што на крајот доведува до расклатување и губење на забите. Една од главните причини за пародонталните болести е каменецот.

Денталниот каменец е сложен биофилм кој се состои од бактерии и нивни метаболички нус-производи: отрови, вируси, остатоци од храна и мртви клетки. Бактериите се прилепуваат до забите, со што се создава комплексен биофилм (каменец) над и под површината на гингивата.

Забен каменец

Забниот каменец е калцифицирана наслага - која сама по себе нема да доведе до воспаление, но поради нивната порозност и рапавост служи како бактериска подлога со голема површина.
Овие промени често водат до промени во однесувањето, како што се одбивањето на цврста храна или храна воопшто, како и непријатен здив, поради кој најчесто сопствениците и посетуваат ветеринар. Постои корелација помеѓу тежината на пародонталната болест и патолошките промени во другите органски системи.

brush teeth brush and paste 1
Пародонталните болести се состојби кои влијаат на непцата и ги уништуваат ткивата кои го поддржуваат забите - алвеоларна коска, цемент и пародонтални лигаменти, а грубо може да се поделат на гингивит (воспаление на гингивата) и парадентоза.
 

Гингивитис

Гингивитис или воспаление на непцата е реверзибилна состојба која може да се лечи на соодветен начин. Со оглед дека каменецот е главната причина за воспаление, неговото темелно отстранување не само од површината на забот, туку и под линијата на непцето е од суштинско значење за спречување на гингивитис. Ако не се лекува, гингивитисот доведува до тешки форми на воспаленија - пародонтитис - каде се зафатени подлабоките структури за поддршка на забите (лигаментите, алвеолите), што резултира со губење на забите.
Гингивитис е воспаление на непцата и обично е предизвикана од акумулација на честички храна во празнините меѓу непцата и забите и формирање на каменец. Главниот симптом е појава на црвенило и крварење на непцата, болка при земање на храна и џвакање. Ако не се лекува гингивитисот со тек на време се претвора во парадентоза.


Парадентоза

Парадентозата е инфекција предизвикана од бактерии кои се наоѓаат во денталниот каменец. Кога каменецот се формира на површината на забите во близина на гингивата, настанува воспалителен и имунолошки одговор, а крајниот резултат е уништување на комплексот на ткиво за поддршка во областа на воспалението со формирање на парадентозни џебови и губење на алвеоларната коскена маса.
Од усната празнина, микроорганизмите или нивните производи може директно да навлезат во оддалечените области на телото - или ширење низ фасцијалите, низ коскената празнина или низ крвните садови, нервите и лимфниот систем. Со тоа бактериите кои се наоѓаат во устата на домаќинот со пародонтална болест може да бидат поврзани со развојот на системска болест. Каменецот е секундарен етиолошки фактор кој придонесува за развој на пародентална болест.

Фрактура или оштетување на забите најчесто се предизвикани од агресивно џвакање тврди предмети.
Затоа, водете сметка за забите на кучето... тоа е од исклучително значење за вашето домашно милениче.