Совети

Покрај околувратник, каишки, садови за храна и вода, играчки, на кученцето треба да му се обезбеди и соодветно живеалиште. Најдобро е тоа да биде заштитено од голем број на луѓе, но не и целосно изолирано и маргинализирано од надворешниот свет. На кучето му е потребен мир за да се чувствуваат добро, па потрудете се неговото живеалиште да е соодветно за него.

Кучето навиката за вршење нужда најдобро ќе ја совлада ако по секој оброк го изведувате да изврши нужда. Кучето
поради повторувањето на оваа активност без проблем ќе врши нужда секогаш кога ќе го изведете од станот.
Препорачливо е секогаш кога можете, да го одведете кучето на истото место. Сопствениците на кучиња помлади од 6
месеци возраст мора да бидат подготвени дека нивното куче ќе бара три оброци на ден и дека по секој оброк ќе вршат
нужда. По оброкот, не смеете да го терате вашето куче да си игра, затоа што полниот стомак нема да го дозволи тоа...

Adopt A Puppy

Учењето на куќниот ред треба да ви биде врвен приоритет од првиот ден. Кученцата може брзо да станат непожелни,
кога поради немарноста на нивните сопственици ќе стекнат проблематични навики, како што е уништување работи во
куќата, лаење, копање или трчање. Затоа од првиот ден подгответе план со кој ќе му го олесните престојот на кучето
во затворен простор, и ќе ги избегнете овие немили настани.


Социјализацијата на кутрето со луѓе е многу важна и претставува интегрален дел од техниката на работа со нив.
Социјализираните кучиња се сигурни во себе и пријателски настроени, а несоцијализираните плашливи и често се
агресивни. Животот со несоцијализирано куче е тежок, фрустрирачки и понекогаш опасен за сопственикот. Причината е
тоа што несоцијализираното куче живее под голем стрес. Експертите препорачуваат новите сопственици да ги учат
другите членови на семејството и пријателите на начините на кој треба да му се обраќаат на кучето,како да го
повикаат, или наградат со парчиња храна. Треба да знаете дека социјализацијата е процес, и дека треба редовно да
го носите кучето на прошетка и да го збогатите општествениот живот дома.

Кога вашето кученце ќе достигне возраст од три месеци, мора да почне да се дружи со други кучиња. Нека вашето
домашно милениче троши многу време играјќи си со кучиња на тревникот или во некој парк. Социјализирано куче
секогаш повеќе ќе сака да си игра со кучињата, отколку да се бори со нив. Дури и кога ќе се појави конфликт, тој
ќе биде меѓу поблаг помеѓу социјализирани кучиња. Периодот помеѓу 12 и 18 недели е период кога треба да се воведе
контрола на гризењето на кучето и да се научи да биде пријателски настроено кон другите животни.

Исто така треба да одлучите како ќе го храните вашето куче: со индустриска или со домашна храна. Се разбира, на
почетокот кутрето најдобро е да се храни на ист начин како и кај одгледувачот, па постепено воведувајте измени во
исхраната. На пазарот постојат голем број на индустриски храни, па е потребно пред купувањето да се прочита
декларацијата. Се разбира, секогаш може го храните кученцето и со храна која вие ќе ја подготвувате, а чии
состојки ќе бидат соодветни на неговата возраст и потребите.

Како што ние имаме свој лекар, така треба да најдеме и ветеринар за кучето. Ветеринарот треба да ви е блиску и
секогаш достапен. Најдобро е да се распрашате кај другите сопственици на кучиња кого и зошто тие го одбрале за
свој ветеринар.

Побарајте од ветеринарот да ви направи план за вакцинација. Кученцето првата вакцина обично ја прима уште во
одгледувачницата, на возраст од 7 или 8 недели. Втората вакцина најчесто ја прима во новиот дом. Десетина дена
пред тоа треба да го исчистите од паразити. Првите вакцини се против таканаречени детски болести, тровалентна
вакцина. Пред втората вакцина и неколку дена после неа кученцето не би требало да излегува надвор и да е во
контакт со други кучиња.