Совети

1. Губење на апетит и тежина

Често губењето на апетит е првиот знак за постоење на болест кај животните. Постојат многу причини зошто вашето куче одбива да јаде и не е гладно, но тоа гладување може да има негативно влијание врз здравјето во првите 24 часа. За мали кученца оваа состојба е уште посериозна.

Губењето на тежината е резултат на негативната калорична рамнотежа и може да биде резултат на анорексија (губење на апетитот или ако телото на кучето ги користи или елиминира важните хранливи материи од храната побрзо отколку што повторно ги внесува. Кога кучето ќе изгуби околу 10% од неговата нормална тежина тоа е причина за аларм и знак дека треба да посетите ветеринар.


2. Летаргија, екстремен замор

Летаргично куче изгледа мрзливо, тромо и незаинтересирано. Слабо реагира на звуци, знаци и други стимуланси од неговата околина

Летаргија или замор е неспецифичен симптом кој може да сигнализира неколку потенцијални нарушувања, вклучувајќи и некои кои се опасни по живот. Ако вашето куче е летаргично повеќе од 24 часа, веднаш однесете го на ветеринар.

dog rescue vet
3. Кашлица

Кашлањето кај кучињата, освен ако станува збор само за едно повторено кашлање, обично укажува на некои проблеми. Кашлањето потенцијално укажува на можна блокада на душникот, вирусна кашлица, бронхитис, пневмонија, проблеми со срцето или присуство на тумори на белите дробови.

Секоја причина за кашлање треба да се испита и да се лекува соодветно.


4. Покачена температура

Ако вашето куче има покачена температура, тоа значи дека неговото тело се бори со инфекции. Нормалната телесна температура кај кучињата е помеѓу 38 и 39 степени. Ако се сомневате дека вашето домашно милениче е топло и има покачена температура, однесете го на ветеринар.


5. Проблеми со дишењето

Куче со проблеми со дишењето ќе има отежнато дишење и краток здив при вдишување и издишување. Отежнатото дишење значи дека ткивата не добиваат доволно кислород.

Овој симптом обично оди рака под рака со појавата на вода во белите дробови или градната празнина, која води до краток здив и кашлање.


6. Проблеми со мокрењето

Овој проблем вклучува непријатно чувство при мокрење, тензија и чести обиди со малку успех. Ако вашето куче квичи додека врши нужда или претерано го лиже тој дел, однесете го на ветеринар веднаш,


7. Крвава столица (дијареа), урина, повраќање

Сварената крв во изметот на кучето изгледа како црни дамки од катран. Свежа крв во столицата укажува на крварење во дебелото црево или ректумот. Двете ситуации се многу сериозни и опасни, и е задолжителна посетата на ветеринар.

Појавата на крв во урината се нарекува хематурија и може да биде видлива со голо око или микроскоп. Постојат голем број на болести кои ја предизвикуваат оваа појава, вклучувајќи ги и блокада во уринарниот тракт, бактериска инфекција и најлошото - рак.

Крвта во повраќаницата може да биде светла црвена (што значи дека е свежа) или како талог од кафе (делумно сварена крв). И за оваа појава постојат многу причини, од кои некои се помалку, а други многу опасни за животот на вашето домашно милениче.


Во секој случај, ако забележите било каква промена во однесувањето на вашето домашно милениче или во столицата и урината - контактирајте го вашиот ветеринар што е можно поскоро за да знаете што точно да направите.