Совети

1. Губењето на тежината е еден од основните параметри дека нешто се случува со вашето домашно милениче.

2. Промена во апетитот е уште еден сигнал дека нешто се случува, понудете му го на миленичето омиленото јадење, и ако го одбие во различни временски интервали, тоа е знак на некое нарушување на здравјето.

3. Зголемување на температурата. Нормална температура на здраво возрасно куче измерена ректално е 37,5-39 степени целзиусови а кај малите кученца 37,5-39,5 степени. Водете сметка дека стресот и активноста може да ја зголемат температурата, но постојана температура над овие параметри, секако укажува на нарушување на здравјето.

illdog
4. Орални знаци: Бледи непца - лоша циркулација на крвта, жолта боја може да биде поради проблем со црниот дроб, лош здив упатува на воспаление на непцата или проблеми со желудникот, засилена саливација (лачење на плунка) исто така може да упатува на проблеми со непцата, заболување на црниот дроб, па дури и на појава на беснило.

5. Ако миленичето премногу се митари причина може да биде стресот или некое кожно заболување, ова се однесува само на ситуации кога миленичето се митари повеќе од вообичаеното.
dogill26. Очите се исто така добар показател за некое нарушување на здравјето, зениците мора да бидат со иста големина, ако тие се разликуваат однесете го миленикот на ветеринар, необичниот изглед на белката и ирисот упатува на заболување.

7. Кивање, кашлање, исцедок од устата или носот упатуваат на нарушување на здравјето.

8. Агресивност, раздразливост, поспаност, често лаење и невообичаено однесување упатуваат на некакво нарушување.

9. Мека или течна столица кај кучињата укажува на болест, особено ако таа содржи крв, слуз и промена на бојата.

10. Изгледот на урината, прекумерно мокрење, заедно со симптоми на зголемена жед, запек, губење на апетит и тежина се сигурни показатели за некаво нарушување на здравјето на вашиот миленик.