Совети

Повеќето сопственици на кучиња не се грижат доволно за  чистотата на ушите на своите миленици, особено кај кучињата со долга и густа коса како кокер шпаниел, пудлица, малтезер ...

Неодржуваните и валкани уши често се воспалуваат. На почетокот на ушниот канал растат влакна, кои доколку редовно не се подстрижуваат може да задржуваат трева и нечистотија.

Овие влакна мора да се отстранат за да се овозможи циркулација на воздух низ ушниот канал. Посебно е опасна тревката која ја нарекуваме див јачмен и која заради својата градба лесно се пробива низ влакната и влегува во увото. Со постојано пасивно движење во еден правец низ ушниот канал може да се пробие подлабоко во ушниот канал и да предизвика болно воспаление на увото или да го оштети ушното тапанче.

earcle

 

Препорачливо е на почетокот да ги скубете влакната со своите нокти, а потоа кога ќе стекнете искуство со малечка пинцета. Увотот е многу осетлив дел на телото и е совршена околина за развој на бактерии и други предизвикувачи на озбилни проблеми со ушите, доколку не се грижите доволно за хигиената на ушите.

Доколку редовно не ги чистите мртвите влакна на самиот влез во увото, може да дојде до заплеткување на влакната и влезот во увото ќе се затне како со чеп.Со тоа ќе се спречи проветрување на увото со воздух и ќе се створат услови за запаление. Неодржувано и болно уво лесно се препознава по интензивниот и застојан мирис, по зголемено излачување на ушен секрет кој се засушува и рони во увото. Понекогаш миленикот зачестено ќе ја тресе главата или може болно да реагира на допир на надворешното уво. Контрола и одржување на чистота на  ушите треба да ви стане рутина која ја извршувате секоја недела.

Влакненцата кои излегуваат од ушната шуплина треба цврсто да се фатат и прамен по прамен да се повлекуваат со брзи и одлучни движења во правец на растот на влакната. За да си ја олесните оваа работа користете малку специјална пудра која ќе ви помогне полесно и побезболно за кучето да ги отстраните влакната.  Погрешно е да оставите да се насоберат премногу влакна  во пределот на надворешното уво. Подобро е почесто да отстранувате по малку од влакната отколку увото да се запусти и отстранувањето на влакната да стане многу непријатно за вашиот миленик.

Препорачливо е и да користите некој козметички препарат за одржување на ушната шуплина и заштита од бактерии. Овие препарати се најчесто некој вид капки или масла. Посоветувајте се со вашиот ветеринар околу изборот на препарат кој најмногу би му одговарал на вашиот миленик. Некои сопственици на за чистење на ушите користат стапчиња за уво што не е препорачливо затоа што со мало невнимание може да се оштети ушното тапанче. Ако редовно ги чистите ушите на вашиот миленик, капките се најдоброто решение затоа што се едноставни за користење и ефикасни. Доволно е два пати неделно да капнувате по неколку капки во увото и добро да го измасирате.