Совети

5 совети за капењето на вашето домашно милениче да биде помалку стресно.
1.Капењето е една од помалку омилените, но поважни работи за здравјето и негата на кучето. Многу кучиња не сакаат да се капат, па ако ја немаат оваа навика, сигурно ќе истрчаат од кадата насред капењето или ќе бидат толку нервозни што нема да успеете да ги натерате да влезат во кадата.

Премногу често капење на кучето не е препорачливо, бидејќи капењето ги отстранува природните масла на кожата, така што кожата станува сува, што доведува до лупење и ја намалува нејзината заштитна улога. Со отстранување на овој заштитен слој, се создаваат поволни услови за непречена пенетрација на микроорганизми во кожата и следствено за развој на инфекции. Зачестеноста на капењето зависи од должината и густината на влакното на кучето. Покрај тоа кучињата кои престојуваат во стан треба поредовно да се капат во однос на оние кои се надвор, за да бидат чисти и не би мирисале непријатно. Најчесто се препорачува кучињата да се капат три до четири пати годишно, а за да нема премногу проблеми за сопственикот треба претходно да се подготвите. Без оглед на расата на кучето ќе мора да почнете да го капете додека сеуште е младо, за да се навикне на оваа активност. Не постои точно определена возраст кога треба да почнете да го капете кучето, обично тоа е на околу 2,5 месеци, но доколку не е многу валкано или не мириса непријатно првото капење може да се одложи за подоцнежна возраст. При првото бањање на кучето треба да бидете особено внимателни да не го уплашите. Едно негативно искуство со водата и кучето може засекогаш да има одбивност кон капењето. Поради тоа бидете трпеливи и не заборавајте да го наградите кучето за “соработката“ при капењето.

how to dog bath 2. Пред капењето кучето добро исчеткајте го. Без разлика дали кучето има кратки или долги влакна добро е пред капење темелно да го исчеткате за да се отстранат сите покрупни нечистотии од влакната. Сем тоа кај кучињата со долги или виткани влакна со четкање влакната ќе се расплеткаат и ќе се отстранат сите чворчиња па капењето ќе биде многу полесно и потемелно.
3. Подгответе ги сите реквизити пред да почнете да го капете кучето. Пред да го ставите кучето во када подгответе све што ви е потребно. Кадата наполнете ја со млака вода и доколку имате ставете гумена подлога или крпа за да не се лизга кучето во кадата. Подгответе го шампонот, четка, крпи.... Не го оставајте кучето само во кадата за да земете нешто што се заборавиле, бидејќи кучето може да се вознемири или да истрча од кадата.
4. Капење. Наводенете го кучето со топла вода, тргнете од задниот дел накај главата и пазете да не му влезе вода во уши. Ставете му шампон, и имајте на ум дека кучињата не смеаат да се капат со шампон за луѓе, затоа што кучињата имаат различна pH вредност на кожата од луѓето. Шампонот се нанесува првин на грбот, па на стомакот, нозете и опашката. Внимавајте шампонот да не им влезе во очите и ушите. Потребно е кучето два пати да се насапуни и добро да се исплакне затоа што остатоци од сапуницата може да ја надразнат кожата и да предизвикаат чешање.
5. Добро избришете ги и исушете ги влакната на кучето. По плакнењето преостанатата вода исушете ја со крпа или со фен на пониска температура. Во текот и по фенирањето чешлајте го кучето за влакната да добијат сјај. Потоа оставете го кучето во топла соба и немојте да го водите на прошетка барем 2 часа по бањањето, за да не настине. Особено бидете внимателни во зима и кога температурата е пониска.