Совети

Чистењето на ушите на кучето звучи како напорна работа, но се што е потребно е малку пракса за тоа да стане брза и едноставна задача. Но како што знаете, увото на секое куче е различно и со специфични потреби. Обратете се на ветеринар доколку забележите дека ушите на вашето куче се исклучително валкани, мирисаат непријатно или доколку кучето се чеша и непрекинато ја тресе главата. 

Прочитајте неколку совети како чистењето на ушите на кучето да ви стане рутина.

Набавете прибор

Првото правило подразбира никогаш да не користите стапчиња за уши. Ушниот канал кај кучињата е многу посложен и често многу поголем од оној кај луѓето. Бројните набори се погодни за собирање на нечистотија, прашина и паразити. Се што ви е потребно е: памучна вата или марамче и средство за чистење или лек кој ви го препорачал и одобрил ветеринарот.
ear1

Подгответе се
Пред да почнете добро измијте ги рацете или уште подобро е да користите хируршки ракавици за да ги заштитите вашите раце и ушите на вашето куче од бактерии. Уверете се дека кучето е мирно и подгответе деликатеси за да го наградите за доброто однесување.

Побарајте помош од пријател или член на семејството
Ако кучето се опира кога ќе почнете со чистењето, замолете некој пријател или домашен да ви помогне. Веројатно ќе морате цврсто да го држите кучето како би било мирно во тек на чистењето за да не предизвикате оштетување на осетливите ушни канали. Пред чистењето изморете го кучето со игра или со трчање во парк.

Почнете од надворешната страна
При аплицирање на средството кое го препорачал вашиот ветеринар, истискајте го марамчето или памукот за да се исцеди вишокот течност, за да не отиде во ушниот канал на кучето. Почнете од надворешната страна на ушната школка. Променете го марамчето или памукот се додека на него повеќе не се појавуваат траги на нечистотија.


Внимателно чистете ја внатрешноста
Ушниот канал чистете го онолку колку што ви овозможува марамчето или памукот. На овој начин, ќе ја соберете главнината од нечистотија. Не обидувајте се да ги брцнете прстите подлабоко во увото, бидејќи тоа може да предизвика повреда и болка. Ако забележите дека кучето има нечистотија длабоко во увото, вашиот ветеринар нека го направи чистењето.
usi2

Соберете го вишокот на течност
Земете суво марамче или памук и избришете го вишокот на течности од увото, и проверете дали се уште има нечистотија. Ако сè уште забележувате многу нечистотија, закажете преглед кај ветеринар за подлабоко чистење.

Наградете го кучето
Кога ќе заврши чистењето, наградете го кучето со деликатес или заедно играјте си со неговата омилена играчка. Важно е кучето со тек на време да се навикне на рутината на чистење на ушите и да не се плаши. Затоа давањето пофалби и деликатеси по завршетокот на чистењето на ушите е битно за кучето да сфати дека направило добра работа.