Совети

Не е важно дали вашето ново милениче потекнува од стационар, организација за заштита на животните или од одгледувач – на сите кучиња им треба име.
Со новиот член на семејството ќе живеете долго, па одберете име што ви се допаѓа.
Избирањето име за вашето куче може да биде забавно!

Најчесто добивате многу предлози од вашите пријатели и семејство, но ви предлагаме да ги следите своите инстинкти. Со новиот член на вашето семејство ќе живеете долги години, па одберете нешто што ви се допаѓа.
Без оглед на тоа дали треба да му дадете нов идентитет, кој според вас повеќе му одговара на кучето што веќе имало име добиено од претходниот сопственик, или, пак, станува збор за нов мал влакнест член на семесјтвото, при изборот треба да имате предвид неколку работи.

Името не е наредба!
Избирањето име за кучето е основно за понатамошен успех во тренирањето. Избегнувајте имиња што звучат како наредби. Зборовите што се користат како наредби мора јасно да се разликуваат од името на вашето милениче. Во крајна линија, одберете нешто што не се римува со некоја наредба.

Различно од името на сопругот!
Некои сопственици ги нарекуваат милениците едноставно Куче или Кутре. Сепак, подобро е да се држите подалеку од вакви имиња или оние што се исти или слични на имињата на вашите пријатели, роднини или други жители во вашиот дом. Доколку го одберете името на вашиот сопруг, вашето куче ќе биде доста збунето кога ќе му кажете да ја испразни машината за миење садови.


Кратко и јасно!
Зборови од еден или два слога се лесно препознатливи за вашето куче. Па доколку сакате да го скратите времето потребно за миленичето да си го научи името, одберете нешто едноставно.
20365 max
Бидете пристојни!
Одберете име што нема да ви биде неудобно да го кажете во јавност. Не избирајте несоодветно или непристојно име за вашето куче, иако можеби ви звучи како слатка закачка додека сте дома. Верувајте, повеќе нема да ви биде нималку симпатична ако случајно го сретнете шефот или некој соработник додека го шетате вашето Газе од расата кокер шпаниел.
Одберете име што не се римува со наредба!

Нека се навикне на идентитетот!
Доколку ова му е првпат на вашето куче да има име, што особено важи за вдомените улични животни, може да му треба некое време за да се навикне на идентитетот. Почнете да го употребувате неговото име во генерални ситуации, но не кажувајте го претерано. Кога ќе ве погледне, дадете му награда, нешто вкусно или играчка. Дадете му ги само што ќе ви обрне внимание.
Неретко на новите сопственици не им се допаѓа името на нивното куче, но не сакаат да го сменат затоа што тоа веќе го препознава. Но, дури и на човек, ако му давате нешто вкусно секогаш кога ќе го наречете, на пример, Ѓоко, иако не се вика така, погодете колку време ќе му треба за тој да почне да се врти и на ова име.
Никогаш не е предоцна да му го смените името на вашето куче. За промената да биде успешна, почнете со кажување на новото име веднаш по старото. Кога кучето ќе се фокусира на вас, сетете се да го наградите затоа што научило нешто ново. По неколку недели, изоставете го старото име и употребувајте го само новото. Доколку вежбата сте ја правеле правилно, кучето би требало да одговара на новото име – наградете го кога ќе го направи тоа.

М-р.ДВМ Јасминка ван дер Флиер