Совети

1.Веднаш знаете што добивате
Од самиот почеток ќе дознаете многу важни работи, нивната голема и карактер

 


2.Едноставно се дресираат
Мислите ли дека неможете да научите нови трикови со возрасно или постаро куче? Сосема неточно. Постарите кучиња одлично се фокусираат на вас, бидејќи се помирни од енергичните кучиња
557813 10151071213031322 9870161 n
3.Возрасните кучиња се многу благодарни
Возрасните напуштени кучиња и тоа како се свесни, и поради тоа се најблагодарните домашни миленици. Секое возрасно куче ќе ви биде доживотно благодарно што сте му пружиле дом

4.Помалку грижи
Возрасните кучиња не бараат постојан надзор, како што тоа го бараат помалите. Ги знаат веќе основните наредби, и дефинитивно знаат каде треба а каде не треба да извршат нужда. Ако имате мали деца, а сте во возрасни години, или едноставно го цените вашето слободно време, ова е дефинитивен плус

5.Брзо прилагодување
Постарите кучиња имаат искуство. што им овозможува брзо да се снајдат и да се прилагодат на околината, така да многу брзо станува дел од вашето семејство

6.Помалку нереди
Вашиот под, чевли, папучи, мебел ќе ви бидат благодарни со вдомување на постаро куче. Старите кучиња се веќе научени на престојот во куќа, а доколку не се имаат физички и ментални способности се да допрат



7.Старо куче - идеалено куќно милениче за тивко семејство и стари луѓе
Обезбедување топол дом на кучиња во најдобри години не е мала сериозна обврска, но може да биде кратка. Постари кучиња и стар сопственик се идеален пар затоа што и на едниот и другиот повеќе ќе им одговара мирно шетање, отколку истрчување и долги маратони како што тоа обично го бараат малите и возрасните кучиња во одлична форма

8.Добар сон во ноќта
Старите кучиња ве оставаат убаво да се наспиете, затоа што брзо се прилагодуваат на семејните навики во кои живее, и генерално не треба да се хранат и да се носат надвор во текот на ноќта, како што тоа често го бараат малите кученца

9.Друштво
Возрасните кучиња кои биле малтретирани и напуштени - еднаш кога конечно ќе најдат нов сопственик, имаат многу љубов да дадат . Многу се потпираат на својот власник и многу брзо се врзуваат за него. Желбата да го возвратат друштвото и домот кој им е пружен е многу силна

10. Добро дело
Со вдомувањето на насреќно и напуштено суштество правите добро дело. Со спасување на едно животно од надвор или стационар сигурно нема да го смените светот, но без сомневање ќе му го промените целиот свет на тоа животно!