Совети

Да се чува куче е голема одговорност, сепак постојат неколку начина како да го научите кученцето да мочка и да кака надвор од станот во кој го чувате.
Ви треба трпение и упорност, но тоа е нешто што секое куче кога-тогаш научува да го прави.

 

1. Најдете место каде што сакате кучето да врши нужда и секогаш носете го кученцето таму да си заврши работа.
Мирисот што кучето го остава таму ќе му помогне идниот пат да го направи истото на тоа место.
Никогаш немојте премногу да чистите на тоа место.

nopee
2. Исчистете убаво на местата во вашиот стан каде што кученцето се искакало или се измочало, само на тој начин кученцето нема да може да го поврзе мирисот со активноста, за секој случај дополнително употребете дезодоранс или освежувач за простор токму на тоа место или раствор од оцет и вода
3. Намалете ја количината вода и храна што му ја давате на кученцето пред спиење.
Веројатноста дека ќе се случи незгодана ситуација се зголемува кога кученцето е прејадено или препиено.
4. Осигурете му пристап на кученцето до местото каде што врши нужда така што ќе му направите малечка вратничка на излезната врата.
На тој начин кучето ќе може да отиде во двор, или оставете му ја влезната врата подотворена.
Ако не можете да ги направите ниту двете работи, на негова висина поставете ѕвончиња кои кога кученцето ќе ги допре ќе може да ве разбудат, па вие да го однесете надвор.
Накратко, не очекувајте многу во првите две-три недели откако ќе го земете кученцето, тоа е малечко и ништо не знае. Не го тепајте, ниту пак применувајте казнени мерки, сето тоа ќе биде залудно бидејќи кучето нема да ве разбере.