Совети

Од официјалниот документ на Европската Унија, познат како Регулатион 998/2003, како законска регулатива што се однесува за животните опфатени со Анекс бр 1, група А (кучиња и мачки ), група Б(лисици) и група В (без'рбетници, исклучувајќи ги пчелите), украсните тропски риби, амфибиите, рептилите, птиците, исклучувајќи ја живината, глодачи, куници, и милениците мора да имаат пасош...


Со посебна анализа е утврдено дека животните што не потекнуваат од земјите на ЕУ се голем ризик и причинител на појава на заразни болести, а особено на беснило.
300885 10150447832536322 1753497554 n
Според законот, под домашни миленици се подразбираат животните што се опфатени со Анексот бр 1, што патуваат со своите сопственици или со луѓе што биле овластени од сопствениците и животни што не се за продажба или за пренос на друг сопственик.

Пасош е официјален документ што се однесува на секоја индивидуа, посебно во кој јасно се наведени податоците за миленикот, со прецизен опис, идентификациски број (микрочип) или тетоважа, како и за сопственикот. Микрочипот треба да одговара на стандардите ISO 11784 или по Анексот А 11785 или, пак, сопственикот треба да има апарат или читач што ќе ги прочита податоците впишани на микрочипот.

При влезот на животните од трети земји во Европската Унија (исклучувајќи ги Англија, Ирска и Шведска), сопствениците ќе мора да го имаат пасошот во кој ќе биде потврдена вакцинацијата за против беснило, која мора да биде извршена од стручно и овластено лице што ја гарантира валидноста и квалитетот на вакцината. Според стандардите на Светската здравствена организација, вакцината мора да биде неактивирана и мора да содржи најмалку една антигенска единица во една доза.

Животните мора да се проверат најмалку 30 дена по вакцинацијата или најмногу 3 месеци пред самото патување. Проверката на антитела не е неопходна ако животното е ревакцинирано во сообразност со прописите на производителот на вакцината. Периодот од 3 месеци не важи за случаевите на животни што се вратиле во некоја од земјите на ЕУ и притоа им е испитан титарот на антитела.

За патувањата во Англија, Шведска и Ирска, за миленичето следи карантин, а исклучок се животните што ги исполнувале условите за влез во ЕУ.

Законот предвидува и исклучоци што ќе важат за привилегираните земји што не се членки на Европската Унија, од каде што може да се испраќаат невакцинирани животни што се стари само до три месеци.

Тие што се уште немаат извадено пасош за милениците, не можат да ги изнесат од земјава. Постапката е следна: најмалку еден месец пред патување, а најмалку шест месеци, треба да е извршена вакцинација против беснило. Потоа се зема крв од миленичето и се испраќа во овластените лаборатории на земјите на Европската Унија кои добиле дозвола од Советот на Европската Унија (за Македонија се испраќаат во Атина и во Љубљана). По направените анализи дека миленикот не е опасен за патување, тие го испраќаат пасошот. Вадењето пасош чини околу 100 евра.

Пограничните служби имаат право, ако не се исполнети сите законски постапки, да го вратат животното или да го задржат и стават во карантин под интензивен надзор на стручни лица во период разумно проценет, се на трошок на сопственикот. Според правилата, 24 часа пред патување ветеринарниот доктор мора да издаде сертификат за патување со кој ќе се потврди дека животното е во добра состојба за патување.