Совети

Пред вдомување на домашен миленик морате да знаете дека со вдомувањето на домашниот миленик превземате одговорност и обврски кон тоа животно а не само задоволство.

Одговорност е дека правилно ќе се грижите и хумано ќе постапувате со миленикот се до неговата биолошка смрт.

Обврските се состојат во исхрана, лечење и хигиена како и обезбедување на адекватни животни услови што се потребни за тој вид на домашен миленик. Секако, задоволството е љубовта кон тоа домашно милениче. Љубвта према миленичето треба да се подразбира затоа што во спротивно не би требало воопшто да вдомуваме било какво домашно милениче.
Обврската за исхрана подразбира хранење на миленичето онолку колку што му е потребно и онаква храна каква што е соодветна за него. Соодветната храна секако се разликува од вид до вид, така што таа нема да биде иста ако имаме желка или куче како домашен миленик.

308540 10150411241651322 1273880983 n

За сите обврски да ги извршуваме исправно потребна е едукација за правилно чување на одредено животно. Со други зборови, пред вдомување на домашниот миленик треба да прочитаме стручна литература во која детално е објаснето одгледувањето на тој вид милениче. По едукацијата ако мислиме дека можеме и имаме воља да ги исполниме сите обврски кои ги носи миленичето можеме да вдомиме.
За храната, вакцинирањето, редовните ветеринарски прегледи,се потребни финансии. Дел од нив се веке покриени со самото вдомување.
Пред вдомување на миленикот треба да сте сигурни дека сите членови на вашето семејство сакаат миленик во домот и изборот треба да им се допаѓа на сите.

Овој текст не е стручен, само помага во популаризацијата на чувањето домашни миленици за истите да не завршат на улица поради неиформираност за обврските

Напомена - вдомител неможе да биде малолетно лице без присуство и одобрение на родителите.