Занимливости

Прочитајте ги овие 8 интересни факти за сопствениците и нивните домашни миленици.

1. Општи заклучоци за видовите на домашни миленици и нивните сопственици, кои ги потврдија истражувањата се: сопствениците на риби се најсреќни, сопствениците на кучиња се најзабавни, сопствениците на мачки се зависни и најчувствителни, сопствениците на влекачи се најнезависни.


2. Разлики помеѓу луѓето кои одбираат кучиња и оние кои одбираат мачки за миленици навистина постојат. Луѓето кои повеќе сакаат кучиња се во просек 15 проценти повеќе екстровертни, 13 проценти попријатни и до 11 проценти посовесни од луѓети кои повеќе сакаат мачки. Оние кои повеќе сакаат мачки се 12 проценти поневротични и 11 проценти поотворени од луѓето кои одбираат кучиња за миленици.

3. Според истражувањата на научниците, луѓето често ја гледаат личноста на своите миленици како слика на сопствената личност, па најбрз начин за да дознаете каков е некој е да побарате од него да го опише карактерот на неговото домашно милениче.

dogcat w640

4. Либералите и конзервативците се разликуваат и по изборот на расата на миленикот. Истражувањата покажале дека луѓето сакаат куче кое што се вклопува со нивните морални ставови. Либералите сакаат понежни кучиња, кои се рамноправни со сопственикот, додека конзервативците сакаат лојални и послушни кучиња.

5. Сопственикот на питбул е често оној од кој треба да се плашите. Истражувањето направено на одделот за психологија на Универзитетот во Лестер открило дека младите, непријатни луѓе претпочитаат агресивни кучиња, со што се потврдува она што го знаевме од порано, а тоа е дека карактерот на кучето соодветствува со карактерот на сопственикот.

6. Сопствениците на кучиња се поздрави, подобро се справуваат со секојдневниот стрес, порелаксирани се во животот и имаат голема самодоверба, па кај нив многу ретко се дијагностицира депресија. Кучињата имаат поповолно влијание врз здравјето на сопствениците од мачките. Дури и не мора да имате куче за подобро здравје: гледањето снимки од “слатки“ животни, го намалува крвниот притисок за помалку од една минута.

7. Експертите дури и знаат кој тип на луѓе не чистат по своето домашно милениче. Изметот од кучиња во паркот го собираат 35,3 проценти од мажите, 18,2 проценти од оние со пониски примања, 26,2 проценти од сопствениците кои го пуштаат своето куче без поводник, а истото тоа го прават 58,2 проценти од жените, 68,7 проценти од оние со повисоки примања, како и 72,6 проценти од оние кои своето куче го држат на поводник.

8. Неколку други интересни факти за животните: вашата мачка е способна да ве манипулира; луѓето купуваат поздрава храна за кучињата, отколку за себе; Научниците успеале да ги припитомат дивите лисици.