Мој Ветеринар

Прво ако се одлучете да го носете вашиот миленик на одмор со вас, на плажа, информирајте се на која плажа е дозволено да се носат миленици.

Обавезно на плажа носете го со поводник, не е пријатно кога е полна плажата со луѓе да го пуштете да трча наоколу. Ако Вие ги сакате животните и не се плашете од нив, има луѓе кои се плашат. И обратно, можеби вашиот миленик ќе изреагира лошо на некоја за него невообичаена реакција од другите ,посебно од децата, па ќе дојде до несакана ситуација.

plaza1

За миленикот купете крема за сончање со најјак заштитен фактор.Пред да биде изложен на сонце ,треба да се намачкат деловите од телото кои немаат влакна ,и тоа 30 минути претходно. Обавезно мора да имате чадор за саштита од сонцето, кучињата не смеат да бидат долго изложени на директно сонцево зрачење.

Носете доволно вода за пиење за миленикот.

Сите очекуваат дека кучињата знаат и сакаат да пливат. Не мора да значи.Тоа зависи многу од расите на кучињата. Кучињата со брахијална вилица ( мопс, булдог ) не сакаат и не можат да се капат ,може да се задушат. Некои од нив се плашат од вода, посебно ако тоа им е прв пат да бидат во таква ситуација. Затоа не го присилувајте кучето , не го фрлајте во водата. Направете го тоа полека, да не биде стрес за него. После капење во солена вода препорачливо е да се избањат со обична,слатка вода, затоа што солта може да ја оштети кожата.

ВАЖНО !!! Кученца до 4 месеци не треба да се носат на плажа, оставете ги дома.

После секое капење внимавајте на миленикот, како се однесува. Може да дојде до повраќање ,пролив. Тоа се случува ако се напијат повеќе од солената морска вода. Ако се повторува повеќе пати, не го пуштајте повеќе во вода и однесете го на ветеринар.

plaza2

Друга опасносте по здравјето е сунчаницата и топлотен удар.

Затоа што сте сигурно поголем дел од денот на плажа, треба да водете рачун за физиолошките потреби на миленикот. Не дозволувајте да ги извршува на плажата и обавезно соберете го фецесот. Собраниот фецес ставете го во повеќе кеси, да не мириса целата плажа .

Мр.ДВМ Јасминка ван дер Флиер